Павле I Цариградски
Павле I Цариградски е христијански светец и Цариградски патријарх во периодот од 336 до 340 година.[1]
Павле I Цариградски | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Црква | Цариградска црква |
Ракоположен | 336 |
Службата завршила | 340 |
Претходник | Александар Евсевиј Никомедиски Македониј I |
Наследник | Евсевиј Никомедиски Македониј I Македониј I |
Лични податоци | |
Вероисповед | православие |
Занимање | Цариградски патријарх |
Павле е роден во Солун. Според христијанската традиција, кога патријархот Александар Цариградски лежел на смртна постела, го прашале кој сака да му биде наследник, на кое тој одговорил:
„ | Ако сакате да имате патријарх којшто ќе ве учи и ќе ви блеска со добродетел, изберете го Павле, а ако сакате да имате само убав човек и однадвор украсен, изберете го Македониј.[2]. | “ |
Народот го избрал Павле. Но ова не им било право на аријанските кривоверци ниту на царотКонстанциј II, кој во тоа време бил во Антиохија. Наскоро Павле бил симнат од престолот, и тој заедно со Свети Атанасиј Велики побегнал во Рим, каде што обајцата биле убаво примени од Папа Јулиј I и од царот Констанс I, кои ги поддржале во нивната православна вера. На писмо од царот Констанс и папата Јулиј, Павле бил вратен на престолот, но кога починал царот, аријанците успеале да го протераат православниот патријарх во Кукуз во Ерменија. Во прогонство Свети Павле еднаш служејќи литургија бил нападнат од аријанците и удавен со омофорот, во 350 година.
Во времето на царот Теодосиј I неговите мошти во 381 година биле пренесени во Цариград, а во 1236 година во Венеција, каде што се наоѓаат и денес.
Наводи
уреди- ↑ „Paul the Confessor, Patriarch of Constantinople“. Greek Orthodox Archdiocese of America. Посетено на 5 февруари 2021.(англиски)
- ↑ „Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски“. Посетено на 6 јануари 2011.