Ојкача е десетеречка песна од два стиха, кои завршуваат со долго „оој“. Ја пеат три или пет пејачи, или целото коло, во полутон (секунда). Може да биде придружена со едножичени или двожичени гусли свирени во иста интонација, кои во западноевропската музичка теорија се смета за образец на какофонија. Традицијата на ојкача, или ојкања, особено се негува во Краина, а особено во Поткозарје.

Ојкача е сврстена во Националниот регистар на нематеријално културно наследство на Србија.[1] Ојкача и во Хрватска се смета за нематеријално културно наследство, па од 2010 година, на предлог на Република Хрватска, се наоѓа и на Репрезентативниот список на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, како загрозено наследство.[2]

Името „Ојкача“

уреди

Постојат повеќе тези и спротивставени мислења за потеклото на името „Ојкача“.

Многумина тврдат дека нејзиното име настанало од глаголот ојкати, што значи „развлечено и тажно пеење нагласувајќи и продолжувајќи го звукот о“.

Една од претпоставките е дека настанала од зборовите „Ој“ (кое е нагласено во песната) и зборот „кача“ - змија на старословенски, која асоцира на игра, т.е. оро

Ојкача народот ја нарекува и војкача, што може да се објасни на повеќе начини: зборот војка значи „тука“. Значи: овдве, водачи, вој, војка, војкари, војкарце. Според тоа, војкача е песна, онаа што се пее тука, во татковината, на огништето.

Пеењето на ојкача

уреди

Ојкача е изразена во едноставна мелодија на придружниот глас и развиена мелодија на пејачот кој води. Еден ја води песната додека другите се придружба.

Честопати согласката в при ојкањето може да се слушне таму каде што не му е местото во селското пеење. Тука, се јавила потребата од китење на зборовите, односно мелодијата со вишок на зборови кои придонесуваат за богатството на ојкачата.

Теми

уреди

Темите се претежно од хумористичен или тажен карактер, а неретко во нив се појавуваат и некои егзистенцијални теми од секојдневниот живот. По војните во 1990-тите, и исчезнувањето на голем број Срби од територијата на Краина, честопати се појавуваат песни за животот во егзил и песни од националистички карактер.

Краинска музика

уреди

Краинската музика претставува модернизирана верзија на ојкача и се изведува со придружба на хармоника, а понекогаш и без придружба на други гласови. Посебно е популарна во Република Српска и меѓу доселениците од Крајина.

Ојкање кај Крајишниците

уреди

Ојкање (исто така војкање, трескање, завивање, грохотање) е посебен начин на пеење на слоговите хој, вој, ој, со подолго тремолирање или исто тако со подолги или пократки мелисми. Се јавува како рефрен во десетерички и осумерички песни, а се изведува поединечно во т.н. самачки и патувачки песни или почесто полифоно; додека еден пејач ги држи затегнати тоновите на иста висина т.е. војка, очи, другиот тресе, потресува т.е. тремолира. Пејачот кој што треска започнува за кварт или терц повисоко од лежечкиот тон спуштајќи го гласот и постепено смирувајќи го во унисон со другите пејачи.[3] Ојкање во различни форми е најраспространето во Лика, Далмација (особено во Далматинска загора) и Херцеговина. Ојкалицата во Сињ традиционално се нарекува рера, а во Имотско и неговата околина и во западна Херцеговина ганга. Обично со ојкање се испејуваат кратките стихови, најчесто хумористични рими. Ганга или гангалици се народни песни кои се изведуваат на начин на примитивна полифонија, особено распространети во околината на Имотско.[2]

Нематеријално културно наследство

уреди

Комитет на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на светот на 16 ноември 2010 година на предлог на Република Хрватска го вклучи музичкиот израз ојкање на репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.[2]

Денес, ојкача е исклучително распространета во областите кои се населени со жители од крајишко потекло, пред се во Војводина и на подрачјето на Белград. Затоа во 2012 година е сврстено во Националниот регистар на нематеријално културно наследство на Србија.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „ОЈКАЧА“. Нематеријално културно наслеђе Србије. Министарство културе и информисања РС и Етнографски музеј у Београду. Посетено на 20 јануари 2019.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Ojkanje singing“. Intangible Cultural Heritage. UNESCO. Посетено на 20 јануари 2019.
  3. Општа енциклопедија Југославенског лексикографског завода, свезак 6 (Них-Рас), Загреб (1980). стр. 155.

Надворешни врски

уреди