Ман (остров)

(Пренасочено од Островот Ман)

Островот Ман (англиски: Isle of Man; мански: Ellan Vannin) — самоуправна територија на Британската Круна која се наоѓа во Ирското Море. На чело на државата е кралот Чарлс III, со титула Лорд од Ман. Островот бил келтска заедница од 1079 година. По низа промени на власта помеѓу кралевите на Англија и Шкотска, Ман потпаднал под феудална власт на англиската круна. Лордовството било приклучено кон Британската круна во 1764. година, но никогаш не станало британска територија, туку останало самоуправна јурисдикција.

Isle of Man
Островот Ман

Ellan Vannin
Знаме Грб
ГеслоQuocunque Jeceris Stabit  (лат.)
Кај и да го фрлиш, ќе застане.
ХимнаНаша родино
"Arrane Ashoonagh dy Vannin" (мански)
Кралска химнаБоже, чувај го Кралот
Местоположбата на  Ман (остров)  (црвено)
Местоположбата на  Ман (остров)  (црвено)
Местоположбата на  Ман (остров)  (црвено)
Главен град
(и најголем)
Даглас (Douglas Doolish)
54°09′N 4°29′W / 54.150° СГШ; 4.483° ЗГД / 54.150; -4.483
Службен јазик англиски, мански
Демоним Манци
Уредување Британски крунски посед Парламентарна демократија (Уставна монархија) 
 •  Лорд на Ман Елизабета II
 •  Управен намесник Адам Вуд
 •  Главен министер Тони Браун
Статус Територија 
 •  Приклучена кон Британската круна 1765 
Површина
 •  Вкупна 572 км2 (192.)
 •  Вода (%) 0
Население
 •  проценка за  г. 80.058 (194.)
 •  Густина 131,2 жит/км2 (75.)
БДП (ПКМ) проценка за 2003 г.
 •  Вкупен 2,113 милијарди УСД (182.)
 •  По жител УСД 35.000 (11/12)
ИЧР (2010)0.849[1]
многу висок
Валута Британска фунта1 (GBP)
Часовен појас GMT (UTC+0)
 •  (ЛСВ)  (UTC+1)
НДД .im
Повик. бр. +44 01624
1. Централната банка издава сопствени британски фунти (т.е. „мански фунти“).

Островот не е членка на Европската Унија, но има некои врски кои се однесуваат на слободниот проток на стоки.

Островот Ман е таканаречена економија на ниски даноци, нема данок на приходи од капитал, данок на богатство, ниту данок на наследство, а највисоката стапка на персонален данок изнесува 18%. Данокот на добивка за фирмите исто така е во најголемиот број случаи 0%.[2]

Поради ова, многу компании имаат свои оф-шор канцеларии на Ман, и тоа е главниот економски сегмент. Покрај тоа, присутни се и традиционалните економски дејности - рибарство, туризам и земјоделство. Владата на Ман го промовира островот како погодно одредиште за снимање на филмови, и од 1995 до денес (2008) се снимени над 80 филма.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Human Development Report 2010“ (PDF). United Nations. стр. 143 ff. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-11-21. Посетено на 21 април 2011.
  2. „Директни даноци - Влада на Островот Ман“. Архивирано од изворникот на 2012-04-19. Посетено на 2008-11-28.