Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 1924
Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 1924 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоиле медали. Најуспешна нација на игрите била репрезентацијата на Норвешка, која освоила 4 златни и 7 сребрени од вкупно 17 медали.
Список по земји
уредиСписокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.
Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | Норвешка (1924) | 4 | 7 | 6 | 17 |
2 | Финска (1924) | 4 | 4 | 3 | 11 |
3 | Австрија (1924) | 2 | 1 | 0 | 3 |
4 | Швајцарија (1924) | 2 | 0 | 1 | 3 |
5 | САД (1924) | 1 | 2 | 1 | 4 |
6 | Велика Британија (1924) | 1 | 1 | 2 | 4 |
7 | Шведска (1924) | 1 | 1 | 0 | 2 |
8 | Канада | 1 | 0 | 0 | 1 |
9 | Франција (1924) | 0 | 0 | 3 | 3 |
10 | Белгија (1924) | 0 | 0 | 1 | 1 |
Вкупно | 16 | 16 | 17[а] | 49 |
Поврзано
уредиБелешки
уреди- а Во трката на 500 m за мажи во брзо лизгање биле доделени два бронзени медали, бидејќи Роалд Ларсен од Норвешка и Клас Тунберг од Финска имале исто време.