8°37′N 62°15′W / 8.617° СГШ; 62.250° ЗГД / 8.617; -62.250

Ориноко (шпански: Río Orinoco) — една од најголгите реки во Јужна Америка, со должина од 2.140 км. Сливот зафаќа површина од 880.000 км2, од кои 76,3% се во Венецуела а остатокот во Колумбија. Реката Ориноко и нејзините притоки образуваат значаен сообраќаен систем во источниот и внатрешниот дел на Венецуела и рамничарските делови во Колумбија.

Ориноко
Río Orinoco
Река
Мост на Ориноко во Боливар, Венцуела
Земји Венецуела, Колумбија
Округ Јужна Америка
Извор
 - место рид Делгадо-Чалбo, венец Парима, Венецуела & Бразил
 - височина 1.047 м
 - координати 02°19′05″N 63°21′42″W / 2.31806° СГШ; 63.36167° ЗГД / 2.31806; -63.36167
Утока Делта Амакуро
 - местоположба Атлантски Океан, Венецуела
 - височина м
 - координати 8°37′N 62°15′W / 8.617° СГШ; 62.250° ЗГД / 8.617; -62.250 [1]
Должина 2.140 км
Слив 880.000 км2
Истек
 - просечен 33.000 м3
Сливот на Ориноко
Сливот на Ориноко
Сливот на Ориноко

Историја

уреди

Устието на Ориноко прв го забележал Кристофер Колумбо, на своето трето патување во 1498 г, но изворот е истражен дури во 1951 г. Тој се наоѓа на венецуелско-бразилската граница, на надморска височина од 1.047 м (02°19′05″N 63°21′42″W / 2.31806° СГШ; 63.36167° ЗГД / 2.31806; -63.36167).

Делтата и притоките на Ориноко во источните долини на Апуре и Мета се истражени во XVI век од германска експедиција под водство на Амброзиј Ехингер и неговите наследници. Во 1531 г. Диего де Ордаз испловил од устието до вливот на Мета, додека пак Антонио де Берио испловил до Касанаре, до Мета, а потоа по Ориноко се вратил во Коро.

Во 1800 г. сливот го го истражил познатиот природонаучник и географ, Александар фон Хумболт. Во патувањата ги забележал речните делфини, и пишувал бројни извештаи и трудови за флората и фауната на подрачјето.[2]

Географија

уреди

Течението на Ориноко има облик на широк елипсовиден лак околу Гвајанскиот Штит. Поделен е на четири потези со нееднаква должина:

  • Горно Ориноко — долг 242 км; од изворот до брзаците Гвахарибос; тече низ планинските предели во северозападен правец
  • Средно Ориноко — долг 750 км; поделен на два дела, од кои првиот е долг 480 км и оди на запад до вливот со реките Атабапо и Гвавијаре кај Сан Фернандо де Атабапо, а вториот тече на север во должина од 270 км, долж венецуелско-колумбиската граница, а од двете страни е ограничен со најзападните гранитни извишенија на Гвајанскиот Штит, па до брзаците Атурес кај вливот на Мета (кај Пуерто Карењо),
  • Долно Ориноко — долг 959 км; со доста распространета наносна низина, и тече во североисточен правец од брзаците Атурес до Пјакоа пред Бараканас
  • Делта Амакуро — долг 200 км; се влева во заливот Парија и Атлантскиот Океан, со многу голема делта (22.500 км2, 370 км во најширокиот дел).
 
Панорама на реката Ориноко.
 
Ангелскиот водопад
 
Брзаци на Ориноко кај аеродромот на Пуерто Ајакучо, Венецуела.
 
Мост преку реката Ориноко во Гвајана, Венецуела.

Во устието, Ориноко образува широка делта што се разгранува на стотици реки и водотеци што течат низ мочурливо шумско подрачје од 41.000 км2. Во дождливата сезона, реката надоаѓа до ширина од 22 км и длабочина од 100 м.

Највеќето поважни реки во Венецуела се притоки на Ориноко. Од нив најголема е Карони, која се влева во Ориноко кај Пуерто Ордаз, недалеку од водопадите Љовизна. Интересен елемент на речниот систем на Ориноко е каналот Каскијара, кој почнува како ракав на Ориноко, па завршува во Рио Негро, притока на Амазон — така образувајќи „природен канал“ помеѓу Ориноко и Амазон.

Поважни реки во сливот на Ориноко

уреди
  • Апуре: од Венецуела на исток во Ориноко
  • Араука: од Колумбија во Венецуела на исток во Ориноко
  • Атабапо: од Гвајанскиот Штит во Венецуела на север во Ориноко
  • Вентуари: од источна Венецуела (Гвајанскиот Штит) на југозапад во Ориноко
  • Вичада: од Колумбија на исток во Ориноко
  • Гвавијаре: од Колумбија на исток во Ориноко
  • Инирида: од колумбија на југоисток во Гвавијаре.
  • Карони: од Гвајанскиот Штит во Венецуела на север во Ориноко
  • Каскијара: во југоисточна Венецуела — растока од Ориноко чие течение на запад води во Рио Негро, голема притока на Амазон
  • Каура: од источна Венецуела (Гвајански Штит) на север во Ориноко
  • Мета: од Колумбија, по границата со Венецуела, па на исток во Ориноко

Екологија

уреди

Во Ориноко живеат водни животни како амазонскиот делфин и ориночкиот крокодил, еден од најретките влекачи во светот (250 единки). Its present-day range in the wild is restricted to the Orinoco River Basin. The Orinoco is home to карипската пирана (Pygocentrus cariba).

Стопански активности

уреди

Реката е пловна по најголемиот дел од течението is navigable for most of its length, а багерското прокопување на коритото овозможува пристап за прекуокеанските бродови сè до градот Боливар на вливот на реката Карони, 435 км спротиводно. Речните пароброди носат стоки до Пуерто Ајакучо и Атурските Брзаци.

Железна руда

уреди

Во 1926 г. венецуелски инженер пронашол многу богато наоѓалиште на железна руда во сливот, јужно од Сан Феликс, на планината Ел Флореро. Целосната експлоатација на наоѓалиштето започнала по Втората светска војна, од група здружени венецуелско-американски претпријатија. Во почетокот на 1950-тите, од рудникот дневно се ископувале околу 10.000 тони рудоносна земја.[3]

Нафтен песок

уреди

Бреговите на реката се богати со нафтен песок во т.н. „нафтен појас“, кој е потенцијална суровина за добивање на нафта во иднина.[4]

Наводи

уреди
  1. Ориноко - Топонимски опслужувач GEOnet (англиски)
  2. Helferich, Gerard (2004) Humboldt's cosmos: Alexander von Humboldt and the Latin American journey that changed the way we see the world Gotham Books, New York, ISBN 1-59240-052-3.
  3. "Venezuela's Magnetic Mountain" Popular Mechanics, јули 1949
  4. Forero, Juan (1 јуни 2006) "For Venezuela, A Treasure In Oil Sludge" New York Times Vol. 155 Issue 53597, pC1-C6
  • Stark, James H. 1897. Stark's Guide-Book and History of Trinidad including Tobago, Granada, and St. Vincent
  • MacKee, E.D., Nordin, C.F. and D. Perez-Hernandez (1998). "The Waters and Sediments of the Rio Orinoco and its major Tributaries, Venezuela and Colombia." United States Geological Survey water-supply paper, ISSN 0083; 2326/A-B. Washington: United States Government Printing Office.
  • Weibezahn, F.H., Haymara, A. and M.W. Lewis (1990). The Orinoco River as an ecosystem. Caracas: Universidad Simon Bolivar.
  • Rawlins, C.B. (1999). The Orinoco River. New York: Franklin Watts.

Надворешни врски

уреди