Општина Пиран
Општина Пиран (словенечки: Občina Piran, италијански: Comune di Pirano) — општина во областа Приморска, југозападна Словенија. Седиште е крајбрежниот град Пиран.[3] Во 2020 г. населението броело 17.676 жители.[2]
Општина Пиран Občina Piran, Comune di Pirano | ||
---|---|---|
општина | ||
Местоположба на општината во Словенија | ||
Земја | Словенија | |
Седиште | Пиран | |
Управа | ||
• Градоначалник | Џенио Задкович | |
Површина[1] | ||
• Вкупна | 44,6 км2 (172 ми2) | |
Население (2020)[2] | ||
• Вкупно | 17.676 | |
• Густина | 40/км2 (100/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+01) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02) | |
Мреж. место | piran.si |
Географија
уредиОпштината се граничи со Хрватска на југ и општините Изола и Копер на исток. Преку Трстјанскиот Залив гледа во Италија. Земјиштето е прилично ниско, при што највисоката точка Баретовец при Падни е висока само 289 м.[4]
Населени места
уредиПокрај општинското седиште Пиран, општината ги опфаќа и следните населени места:
Јазик
уредиОпштината е двојазична, во која словенечкиот и италијанскиот се службени. Денес бројот на италијански говорници е мал, за разлика од почетокот на XX век. Според австрискиот попис од 1910 г. селата во подрачјето на денешната општина биле мешани; во едни (како Свети Петер и Падна) живееле речиси исклучиво Словенци, додека пак во други (Сечовље и Сеча) скоро сите говореле само италијански. Во целина, на тој попис 85,1 % од населението биле италијански говорници, а 15,2 % биле Словенци.
Наводи
уреди- ↑ „Občina Piran“. Statistični urad Republike Slovenije. Архивирано од изворникот на 2021-12-17. Посетено на 2 април 2020.
- ↑ 2,0 2,1 „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
- ↑ Vzpostavitev lokalne samouprave v Republiki Sloveniji v številkah. Ljubljana: Statistični urad Republike Slovenije. 2007. стр. 95. Архивирано од изворникот на 2020-10-02. Посетено на 2 април 2020.
- ↑ „Predstavitev“ (словенечки). Piran.si. Архивирано од изворникот на 2012-08-13. Посетено на 2 април 2020.
Надворешни врски
уреди- Општина Пиран на Ризницата ?
- Портал на Општина Пиран Архивирано на 8 август 2018 г. (словенечки) (италијански)
- Општина Пиран на Геопедија Архивирано на 29 јули 2017 г.