Опсада на Триполи (1551)

Опсадата на Триполи се одвила во 1551 година помеѓу Османлиското Царство и Малтешкиот витешки ред во градот Триполи, денешна Либија[1]. Градот бил под команда на Гаспард де Валиер, кој поседувал околу 30 коња (според некои извори бројот бил 200), 630 војници од Калабрија и Сицилија. Османлиската војска имала направено своја база во близина на градот уште од 1531 година. Со започнувањето на битката, Османлиите многу бргу успеале да ја заобиколат тврдината.

Опсада на Триполи
Дел од Османлиско-хабсбуршки војни
Датум 14 август 1551
Место Триполи, денешна Либија
Исход Османлиска победа
Завојувани страни
Малтешки ред Османлиска војна
Команданти и водачи
Гаспард де Валиер Синан Паша
Сила
30-200 витези
620 платеници
Жртви и загуби
620 заробени или убиени

Кон опсадата се приклучил и францускиот амбасадор во Османлиското Царство, Габриел де Арамон. Главната цел на амбасадорот била да се принуди Малтешкиот ред да го предаде градот бидејќи се сметало дека Малта не била против сојузот на Франција и Османлиското Царство. Наспроти ова, Синан Паша одбил да се повлече од опсадата, бидејќи сметал дека било конечно време Малтешкиот ред да се искорени од Африканскиот континент. На ова најмногу се пожалил францускиот амбасадор, кој најавил директно заминување во Цариград за да се пожали на Сулејман I, но тогаш му било забрането тоа да го стори.

По некое време започнале преговори за предавање на градот. Градот бил опсаден на 15 август 1551 година по само шест дена од бомбардирањето. Голем број на француски војници и сили биле однесени во Малта како резултат на револт на францускиот амбасадор. Од Малта, францускиот амбасадор му напишал писмо на Анри II за неговата интервенција. Улогата на Арамон била многу критикувана од Карло V, бидејќи императорот се сомневал дека тој ги поддржувал Османлиите при заземањето на градот. Сепак, денеска не е изјаснето точно која улога ја имал амбасадорот во војната.

Кога Гаспар де Валиер се вратил во Малта, тој бил ставен на тешки критики од страна на Големиот мајстор Хуан де Хомедес. Во следните години, Триполи станал важен центар на Османлиското Царство. Градот станал престолнина на османлиската провинција Триполитанија. Во 1560 година од страна на христијаните бил направен обид за враќање на градот, но истиот завршил со неуспех.

Наводи

уреди
  1. Cervantes in Algiers: a captive's tale by María Antonia Garcés p. 25 [1]