Оливер Белопета
Оливер Белопета (Скопје, 1952) — македонски музички работник, поранешен радио водител и директор на Скопскиот џез фестивал[1]. Во Македонија важи за човек кој најмногу го афирмирал џезот. Од 2008 година, тој станал член на одборот на Европскиот форум на фестивали на музика на светот (EFWMF)[2].
Оливер Белопета | ||
Животопис
уредиБелопета е роден е во Скопје, во 1952 година, во семејство на татко, лекар-гинеколог и мајка, професор по француски јазик. Дипломирал на Електро-техничкиот факултет во Скопје - насока телекомуникации, а во август 1978 година се вработил во МРТ, во секторот „Предаватели и врски". Паралелно со формалното образование, тој покажувал голем интерес за музиката: со текот на времето собрал голема колекција на грамофонски плочи и ги посетувал фестивалите низ Европа, каде што црпел драгоцени искуства.
Долги години, Белопета бил музички рецензент во саботното издание на „Нова Македонија“, а честопати се појавувал и како водител на емисии во радио-станиците: „Македонско радио“ и во „Нома". Клучен момент во неговиот живот се смета оној кога, со група ентузијасти, дошол до идејата за организирање на „Скопскиот џез-фестивал“, кој бил основан во 1982 година, а Белопета станал уметнички директор на фестивалот. До јануари 1996 година, Белопета бил вработен во МРТВ, а потоа станал професионелен директор на „Скопскиот џез фестивал“.
Наводи
уреди- ↑ „Скопскиот џез фестивал од 21 до 24 октомври“. МИА. 18 октомври 2010. Посетено на 2010-10-21.[мртва врска]
- ↑ „ОЛИВЕР БЕЛОПЕТА ИЗБРАН ЗА ЧЛЕН НА БОРДОТ НА ЕВРОПСКИОТ ФОРУМ НА ФЕСТИВАЛИ НА МУЗИКА НА СВЕТОТ“. Иди Види. 4 април 2008. Посетено на 2010-10-21.