Оган од суети (филм од 1990)
Оган од суети (англиски: The Bonfire of the Vanities) - американски филм од 1990 година, во режија на Брајан де Палма. Главните улоги ги толкуваат: Том Хенкс, Брус Вилис, Мелани Грифит, Ким Кетрал, Саул Рубинек, Морган Фримен, итн. Филмот е заснован врз романот на Том Вулф.[1]
Содржина
уредиШерман Мекој (го игра Хенкс) е успешен и богат брокер од Њујорк. Еднаш, возејќи се со својата љубовница Марија Раскин (ја игра Грифит), тој заглавува во мрачна улица во Бронкс, каде што го напаѓаат двајца Афроамериканци. Во паниката, Марија (која го вози автомобилот) го потчукнува едно од момчињата, а потоа Шерман и Марија бегаат од местото. Шерман предлага да го пријават случајот во полиција, но Марија се плаши да не биде обвинета. Истовремено, еден амбициозен политичар (Евреин), кој сака да стане градоначалник на Њујорк, упорно бара начин како да ги освои гласовите на црните гласачи. Неговиот тим успева да открие дека момчето од Бронкс било удрено од автомобилот на Шерман и политичарот започнува медиумска кампања, предводена од новинарот Питер Фалоу (го игра Вилис), тврдејќи дека богатиот белец безмилосно го прегазил црното момче, а потоа побегнал...[2]
Наводи
уреди- ↑ „www.hrt.hr (пристапено на 20.5.2017)“. Архивирано од изворникот на 2019-01-08. Посетено на 2017-09-27.
- ↑ „www.hrt.hr (пристапено на 20.5.2017)“. Архивирано од изворникот на 2019-01-08. Посетено на 2017-09-27.