Оброк на полски начин
„Оброк на полски начин“ (српски: Обед на пољски начин) — расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.
Содржина
уредиДодека студирал на конзерваториумот, раскажувачот добил задача да вежба еден камерен концерт, заедно со тројца други студенти, меѓу кои и виолинистот Манасија Јазаковиќ. Подоцна, раскажувачот ја напуштил музиката, но во 1934 година, кога умрел неговиот поранешен професор, тој отишол во Прага за да присуствува на концертот во чест на професорот Шевчик. Тогаш, раскажувачот го препознал Јазаковиќ, кој му се исповедал по концертот, раскажувајќи му дека живеел во Прага заедно со сестра му, а наспроти нив живеел млад човек - Јан Кобала. Набргу, сестра му почнала љубовна врска со Кобала, која наеднаш се прекинала. Тогаш, Јазаковиќ му станал љубовник на Кобала, а неговата сестра извршила самоубиство. Пред смртта, тој ја прашал сестра си за причината за смртта, но не добил одговор. Подоцна, во Краков, Јазаковиќ запознал еден доктор кој имал иста длабочина на очите како сестра му и занел дека со негова помош ќе дојде до бараниот одговор. Затоа, тој го поканил раскажувачот да појде со него во Полска и три години подоцна, во 1937 година, тие заминале во Краков. Таму, докторот ги одвел во еден замок каде ги пречекала непозната жена, која ги поканила да јадат. За време на оброкот, докторот и госпоѓата зборувале необично, а една нејзина реченица Јазаковиќ ја сфатил како одговорот на неговата сестра и веднаш избегал од замокот. Раскажувачот останал и набргу сфатил дека докторот и госпоѓата изговарале реченици од книгата „Ракопис најден во Сарагоса“ на Јан Потоцки. Затоа, тој заминал во Варшава каде Јазаковиќ веќе лежел на смртната постела, а кога умрел, раскажувачот му направил посмртна маска.[1]
Наводи
уреди- ↑ Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 25-37.