Обелиск на Теодосиј

обелиск

Теодосиевиот обелиск (турски: Dikilitaş) е староегипетски обелиск на фараонот Тутмос III кој се наоѓа на Хиподромот во Цариград (денеска познат како Meydani или Плоштад Султан Ахмед), во Истанбул, Турција. Тој бил изграден од страна на римскиот цар Теодосиј I во текот на 4 век.

Теодосиеви обелиск
Dikilitaş
Карта
Општи податоци
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција

Првиот обелиск изграден во времето на фараонот Тутмос III (1479-1425 п.н.е.) во големиот храм на Карнак. Римскиот ипераотр Констанциј II (337-361) го донел во Александрија за да одбележи 20 години од неговиот престол во 357 година. Сличен таков обелиск бил изграден на Циркус Максимус во Рим истата година, а денеска тој обелиск е познат како Латерански обелиск. Обелискот во Александрија останал до 390 година, кога по заповед на Теодосиј II бил пренесен во Цариград, каде бил ставен на Хиподромот, каде што се наоѓа и денес.[1]

Првично, градбата била висока околу 30 метри, но долниот нејзин дел бил оштетен најверојатно при транспортот во Цариград . Денеска, споменикот е висок 18.54 метри.

На 12 јануари 2016 година во непосредна близина на обелискот се случил терористички напад од страна на бомбаш самоубиец, во кој напад животот го загубиле 10 туристи.

Наводи

уреди
  1. Labib Habachi, The Obelisks of Egypt, skyscrapers of the past, American University in Cairo Press, 1985, p.145-151.

Литература

уреди
  • Labib Habachi, The Obelisks of Egypt, skyscrapers of the past, American University in Cairo Press, 1985, ISBN 977-424-022-7
  • "Obelisk of Theodosius", in volume 3 of Alexander Kazhdan (ed.), The Oxford Dictionary of Byzantium, 3 volumes, Oxford University Press, 1991, ISBN 0-19-504652-8
  • (француски) Jean-Pierre Sodini, "Images sculptées et propagande impériale du IVe au VIe siècles : recherches récentes sur les colonnes honorifiques et les reliefs politiques à Byzance", Byzance et les images, La Documentation Française, Paris, 1994, ISBN 2-11-003198-0, pp. 43–94.
  • E. A. Wallis Budge, Cleopatra's Needles and Other Egyptian Obelisks, The Religious Tract Society, London, 1926 (ISBN 0-486-26347-9)

Надворешни врски

уреди

41°00′21.24″N 28°58′31.43″E / 41.0059000° СГШ; 28.9753972° ИГД / 41.0059000; 28.9753972