Обединета германска екипа на Олимписките игри

Обединетата екипа на Германија (германски: Gesamtdeutsche Mannschaft) се натпреварувала на Зимските и Летните олимписки игри во 1956, 1960, и 1964 година како обединета екипа на спортисти од ФР Германија и Германската Демократска Република. Во 1956 година екипата вклучувала и спортисти од трето олимписко тело, Сарскиот олимписки комитет, кои се натпреварувале одделно на игрите во 1952 година, но во 1956 година биле во процес на здружување со Германскиот национален олимписки комитет. Овој процес бил завршен во 1957 година по приемот на Сар во ФР Германија.

Германија на Олимписките игри

"Олимписко" знаме на Германија,
украсено со бели олимписки прстени,
користено во 1960 година, 1964 година (и во 1968 година од пединечните екипи)
МОК-код   EUA
Олимписка историја
Летни олимпијади
195619601964
Зимски олимпијади
195619601964
Други поврзани настапи
Германија (сите настапи)
Источна Германија (1968-1988)
Сар (1952)

Историја

уреди

Како што ГДР во 1949 година вовела своја сопствена државна химна, Бетовеновата Симфонија бр.9 Ода на радоста била свирена кога победувале германските спортисти како компромис. Во 1959 година, ГДР вовела и изменето црно-црвено-златно трибојно знаме на Германија како знаме на Источна Германија. Па така морало да се направи и компромис за знамето на обединетата екипа. Била договорена употребата на обично знаме со дополнителни бели олимписки прстени. Ова знаме било користено од 1960 до 1968 година.

На игрите во 1956 година, 1960 и 1964 година екипата била позната како „Germany“ и се користел кодот GER, со исклучок Зимските олимписки игри во Инсбрук 1964, кога австриките домаќини го користеле „D“ за Германија.[1] Сепак, кодот на МОК EUA се користи во податотеката на МОК за медали,[2] без да се даде поопширно објаснување. Бидејќи во 1976 година МОК за почнале да придаваат стандардизирани кодови. Пред овој период, месниот комитет за организација на Олимписките игри ги одредувал кодовите, честопати на месниот говорен јазик, што довело до употреба на повеќе кодови.

На Зимските олимписки игри 1968 година, спортистите од Источна и Западна Германија се натпреварувале како одделни екипи користејќи го сè уште компромисното знаме и Бетоновата симфонија. Денес овие земји се сместени на списокот со кодовите FRG и GDR, соодветно, во 1968 година тие еднострано на француски биле нарекувани Allemagne (Германија) и Allemagne de l'Est (Источна Германија), и на шпански Alemania и Alemania del Este. Кодовите за Германија биле ALE и ADE за Источна Германија.

Раздвојувањето било направено на Летнит еолимписки игри 1972 со употребата на одвоени знамиња и химни. Поради бојкотите на Летните олимписки игри во 1980 и 1984 година, само во три прилики во 1972, 1976 и 1988 година две различни германски екипи се натпреварувале едни против други на Летните олимписки игри (не броејќи го Сар во 1952 година). Германска Демогратска Германија престана да постои по 1989 година, која се придружила на Федерална Германија преку процесот на Германското обединување во 1990 година.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Mallon, Bill; Ove Karlsson (May 2004). „IOC and OCOG Abbreviations for NOCs“ (PDF). Journal of Olympic History. 12 (2): 25–28. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-08-08. Посетено на 2008-06-09.
  2. „Olympic Medal Winners“. MOK. Посетено на 2008-06-09.