ОУ „Герас Цунев“ - Просениково
„Герас Цунев“ — основно училиште во Просениково, Општина Струмица[1], помеѓу населените места Просениково и Пиперево, на оддалеченост од 4,5 километри североисточно од Струмица, поврзани со локален пат за магистралниот пат Струмица- Валандово и Струмица- Штип.
Герас Цунев | |
---|---|
Место | |
Општина: | Општина Струмица |
Нас. место: | Просениково |
Адреса: | Просениково бр. 80 |
Местоположба | |
Основни информации | |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Историја
уредиУчилиштето било основано во 1953 година. Во состав на училиштето работеле шест подрачни училишта со над илјада ученици. Со децентрализацијата две училишта припаднале на Општина Босилово, а четири на Општина Василево.
Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик и е организирана во две смени и тоа прва смена со почеток од 7:30 часот, втора смена со почеток од 13:30 часот. Настава посетуваат ученици од I до IX одделение на возраст од 6 до 16 години по новиот концепт за деветгодишно образование согласно Законот за основно образование Сл. Весник на РМ бр. 103, од 19 август 2008 година. Учениците се распоредени во 21 паралелка од кои 11 во предметна настава и 10 во одделенска настава[2].
Учество на натпревари
уредиОсвоени награди
уредиПознати личности кои учеле во ова училиште
уреди- Запро Запров (р. 1947) - македонски диригент и универзитетски професор
Познати личности кои предавале во ова училиште
уредиНаводи
уреди- ↑ „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 15.01.2022. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ http://oougerascunev.weebly.com/
„ОУ „Герас Цунев“ - Просениково“ на Ризницата ? |