ОУ „Димо Хаџи Димов“ - Влае

основно училиште во Македонија


Основно училиште „Димо Хаџи Димов“ (официјално: Основно општинско училиште „Димо Хаџи Димов“ - Влае; скратено: ООУ „Димо Хаџи Димов“) — централно основно училиште во скопската населба Влае, Општина Карпош.[1]

Димо Хаџи Димов
Место
Општина: Општина Карпош
Наречено по: Димо Хаџи Димов
Нас. место: Влае
Адреса: ул. „Ангел Динев“, бр. 5
Местоположба

Карта

Основни информации
Директор: Лела Николоска
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место ou-dimohdimov.edu.mk
Е-пошта dimohdimov@yahoo.com
Телефон 02/2041-635
Факс 02/2041-635

Училиштето е именувано по македонскиот социјалист, револуционер и политичар Димо Хаџи Димов.

Историја

уреди

Училиштето е изградено по Скопскиот земјотрес со помош на некои донации од земјите на Балканот, а најмногу од Словенија. Словенија освен што придонесе за изградба на училиштето, ја помогна и целата населба поради материјалните штети по земјотресот, па затоа и многу улици во населба Влае носат имиња на словенечки писатели од тоа време.

Близу ова училиште се наоѓа прометниот булевар „Партизански одреди“, заради што била неопходна изградбата на надвозникот „Влајко“, освен поради безбедноста на децата кои го посетуваат ова училиште, и поради безбедноста на самите граѓани во населбата. Надвозникот официјалнно е пуштен во употреба на 27 септември 2006 година во 13:00 часот, каде што при неговото отворање учествуваа: амбасадорот на САД во Македонија, г-ѓа Џилиен Миланович, градоначалникот на општина Карпош, Андреј Петров, и директорката на училиштето, Лела Николовска. Средствата за изградба на преминот ги обезбеди Општина Карпош, а Американската агенција за меѓународен развој (USAID) ги донираше лифтовите во објектот.

Од 1963 година училиштето го носи името „Јосип Броз Тито“ до 1993 година, кога е применувано во ОУ „Димо Хаџи Димов“, според името на македонскиот истакнат револуционер од илинденскиот период на македонската историја. Имено, на 27 декември во 1993 година завршена е постапката за преименување на училиштето од ОУ „Јосип Броз – Тито“ во ОУ „Димо Хаџи Димов“, а на 20 октомври 1994 година промовирано е новото име на училиштето на свеченост на која присуствувал и пригодна реч одржал Министерот за образование и физичка култура, Димитар Бајалџиев. Во 1974 година, училиштето ја добило највисоката награда на град Скопје – наградата „13 Ноември“, а истата награда во 1976 година ја добило Друштвото за физичка култура при училиштето. Во 1969 година во училиштето почнал да работи училиштен педагог. Така за првпат се поставуваат темелите на стручната служба во тогашната СР Македонија.

Во 1987 година се пуштила во работа забната амбуланта, која работи во состав на училиштето.

Училиштето е основоположник на Советот на родители – орган на училиштето со свој сопствен статут, прв од ваков вид во Македонија.

Во училиштето се работи проектот „Вклучување на децата со посебни потреби во редовното училиште“, односно со деца со посебни потреби и пред официјалното започнување на проектот во 1998 година.

Во текот на јули 2011 година од страна на општина Карпош се преземени активности за поголема реконструкција на училиштето со што во голема мера се подобриле условите за реализирање на воспитно-образовната работа. Наставниот процес се реализира во различни објекти, пет засебни бараки кои се користат зависно од активностите.

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-08.