ОУ „Његош“ - Колонија Идризово

основно училиште во Македонија


Основно училиште „Његош“ (официјално: Основно општинско училиште „Његош“ - Колонија; скратено: ООУ „Његош“) — централно основно училиште во скопското село Колонија Идризово, Општина Гази Баба.[1]

Његош
Место
Општина: Општина Гази Баба
Наречено по: Петар Петровиќ-Његош
Нас. место: Колонија Идризово
Адреса: ул. „2-а“, бр. 18, с. Колонија
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1952; пред 72 години (1952)
Настава на: македонски и албански
Контактни информации

Училиштето е именувано по црногорскиот владика и владетел Петар Петровиќ-Његош.

Историја

уреди

Училиштето било изградено во 1952 година. Училишната зграда е сместена во населеното место Колонија Идризово и претставува градежен објект од цврста градба која одговара на својата намена. Функцијата на соодветен објект ја надополнуваат спортските терени и пошироките зелени површини.

Организација

уреди

Реонот на училиштето ја опфаќа територијата на месната заедница Колонија Идризово, Јурумлери, Идризово, Гоце Делчев, Дрма и Дунек.

Училиштето располага со околу 3000 м2 училиштен простор. Наставата во училиштето се изведува на македонски и албански наставен јазик.[2]

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-05.
  2. „Основни училишта - Општина Гази Баба“. www.gazibaba.gov.mk. Архивирано од изворникот на 2018-10-18. Посетено на 2018-11-30.