Хаселбрак
Хаселбрак, на 116,2 метри[1], е највисоката точка во покраината Хамбург, во Германија.
Се наоѓа на јужната граница на градот-покраина со Долна Саксонија во „Црни ридови“ (Schwarze Berge), северното подножје на Харбуршките ридови во квартот Нојграбен-Фишбек. Лежи во рамките на покраинската шума Розенгартен, блиску до Дерсторф (Daerstorfer Heide), помеѓу населбата Валдфриден на северот (кој припаѓа на Фишбек), Ној Вулмсторф-Темпелберг на запад и Розенгартен-Алвезен на исток.
На „врвот“ Хаселбрак се наоѓа тригонометриска точка, која се наоѓа во дрвата само неколку метри од пешачката патека и која го означува највисоката точка. На 16 јули 2011, бил поставен дрвен крст на врвот.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Висината на ридот според Геолошкото покраинско биро н Хамбург