Ново Требино
село во Кожанско, Егејска Македонија
Ново Требино (грчки: Νέα Καρδιά; Неа Кардија) - населба на растојание од 4,5 км северно од центарот на Кожани, што било создадено во 1976 година со присилно преместување на жителите на старото село Требино поради проширување на рударските земјишта на рудникот за лигнит Кајлари-Лерин.[1] Изградено било помеѓу автопатот Егнација и националниот пат Кожани-Лерин и е северно продолжение на Исламли. Тоа е современа населба со нови куќи, паркови, игралишта, градинка, главни улици и продавници. На пописот во 2011 година заедно со Исламли и Синекли тие ја сочинуваат месната заедница Исламли која припаѓа на општинската единица Кожани на Општина Кожани и има население од 502 жители.[2]
Ново Требино | |
---|---|
Село | |
Координати: 40°20′10″N 21°47′20″E / 40.33611° СГШ; 21.78889° ИГД | |
Држава | Грција |
Област | Западна Македонија |
Општина | Кожани |
Население (2011) | |
• Вкупно | 502 |
Демоним | Новотребинец/ка |
Наводи
уреди- ↑ „Δήμος Κοζάνης - Τοπική Κοινότητα Νέας Καρδιάς“. cityofkozani.gov.gr. Архивирано од изворникот на 25 март 2019. Посетено на 23 февруари 2021.
- ↑ «ΦΕΚ αποτελεσμάτων ΜΟΝΙΜΟΥ πληθυσμού απογραφής 2011», σελ. 10545 (σελ. 71 του pdf)