Нишанџи Ахмед-паша
Нишанџи Ахмед-паша — османлиски државник, кој бил Голем везир на Отоманското Царство во периодот од 23 јуни 1740 до 21 април 1742 година, во времето на османлискиот султан Махмуд I[1] и провинциски управител на Египет[2][3][4].
Нишанџи Ахмед Паша | |
---|---|
Голем везир на Отоманското Царство | |
На должноста 23 јуни 1740 – 21 април 1742 | |
Монарх | Махмуд I |
Претходник | Иваз Мехмед-паша |
Наследник | Хекимоглу Али-паша |
Отомански управител на Египет | |
На должноста 1748–1751 | |
Претходник | Јеген Али-паша |
Наследник | Сеид Абдула-паша |
Лични податоци | |
Починал(а) | февруари 1753 Алеп, Отоманско Царство |
Националност | Отоман |
Вероисповед | ислам |
Рани години
уредиНеговото семејство по потекло било од Аланија, Анталија, но Ахмед е роден во Саке (во провинцијата Ајден, Турција). Еден од неговите чичковци бил везир. Во 1738 година, тој бил унапреден за гувернер на провинцијата Ајден. Во 1742 година, тој се вратил во Цариград, главниот град на царството. Тој бил назначен за нишанџи (едно од највисоките бирократски места). Набргу потоа, тој бил унапреден во Голем везир на Отоманското Царство на 23 јуни 1740 година.
Понекогаш го нарекувале Ќор Везир („слеп везир“) затоа што имал вкрстен поглед[5].
Голем везир
уредиНеговиот мандат во канцеларијата бил еден од ретките периоди на мир во историјата на Отоманското Царство, бидејќи војната против Хабсбуршката Монархија и Руското Царство штотуку завршила, а Надер Шах од Персија бил окупиран во Трансоксијана и Дагестан. И покрај поволните услови, Ахмед не бил во можност да ја искористи политичката мировна состојба и не успел да ја следи неговата предвидена програма за закрепнување и реформи. Во меѓувреме, тој бил обвинет за нечесност и рамнодушност кон државните работи. Тој бил разрешен од оваа функција на 21 април 1742 година и бил заменет со поискусниот Хекимоглу Али-паша, кој веќе пред 10 години имал мандат како голем везир.
Подоцнежни години
уредиТој бил протеран на островот Родос. Меѓутоа, набргу потоа, тој се вратил на владините служби. Во 1743 година, тој станал гувернер на санџакот Мерсин, Турција и потоа гувернер на Сидон. По почетокот на новата фаза на војна против Персија, тој добил задача да го командува северниот дел од фронтот, каде успешно го бранел Карс. Потоа работел како гувернер на Алеп (во Сирија) и Дијарбакир.
По договорот од Керден, тој бил назначен за гувернер на Багдад во 1747 година, гувернер на Египетскиот ејлет во 1748 година и гувернер на Адана во 1751 година. Сепак, Ахмед ја одбил оваа последна позиција во Адана, а во 1752 година се вратил во своето поранешно владеење во Алеп, каде што починал во февруари 1753 година[6].
Современиците во Отомански Египет го опишале како човек заинтересиран за науките и филозофијата, но објавиле дека бил разочаран кога открил дека славниот египетски универзитет „ел-Азар“ престанал да предава науки и се фокусирал само на религиозно образование[4][7]. Наводно, тој открил дека дури и најобразованите Египќани и улемата се неписмени во основната математика, поминувајќи го поголемиот дел од своето време со малкумина за кои открил дека го делат неговиот интерес за науките.
Наводи
уреди- ↑ İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971
- ↑ Mehmet Süreyya (1996) [1890], Nuri Akbayar; Seyit A. Kahraman (уред.), Sicill-i Osmanî (турски), Beşiktaş, Istanbul: Türkiye Kültür Bakanlığı and Türkiye Ekonomik ve Toplumsal Tarih Vakfı
- ↑ Yılmaz Öztuna (1994). Büyük Osmanlı Tarihi: Osmanlı Devleti'nin siyasî, medenî, kültür, teşkilât ve san'at tarihi (турски). 10. Ötüken Neşriyat A.S. стр. 412–416. ISBN 975-437-141-5.
- ↑ 4,0 4,1 Crecelius, Daniel (1990). Eighteenth Century Egypt: The Arabic Manuscript Sources. Claremont, California: Regina Books. ISBN 978-0-941690-42-3.
- ↑ 'Abd al-Rahman Jabarti; Thomas Philipp; Moshe Perlmann (1994). Abd Al-Rahmann Al-Jabarti's History of Egypt. 1. Franz Steiner Verlag Stuttgart. стр. 303.
- ↑ Ayhan Buz: Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap, İstanbul, 2009, ISBN 978-975-254-278-5 pp 227-231
- ↑ 'Abd al-Rahman Jabarti; Thomas Philipp; Moshe Perlmann (1994). Abd Al-Rahmann Al-Jabarti's History of Egypt. 1. Franz Steiner Verlag Stuttgart. стр. 305.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Иваз Мехмед-паша |
Голем везир на Отоманското Царство 23 јуни 1740– 21 април 1742 |
Наследник Хекимоглу Али-паша |
Претходник Јеген Али-паша |
Отомански управител на Египет 1748–1751 |
Наследник Сеид Абдула-паша |