Сеид Абдула-паша
Сеид Абдула-паша (исто така познат како Бојнуегри Сеид Абдула-паша „Сеид Абдула-паша Кривовратниот“; починал во март 1761 година, Алепо) ― османлиски државник кој служел како голем везир од 1747 до 1750 година. Тој исто така служел како османлиски управник на Кипар (1745–46, повторно во 1746–47 ), Рака (1746), Конија (1750), Босна (1750–51), Египет (1751–52), Дијарбекир (1752–60), и Алепо (1760).[1][2]
Абдула Паша е роден во Киркук, син на Русокосиот Сеид Хасан-ага, кој пред него служел како голем шејхулислам. Учел во Ендерунското дворско училиште како млад и станал везир во декември 1745 година.[1]
Починал на функцијата управник на Алепо во март 1760 година.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Mehmet Süreyya (1996) [1890], Nuri Akbayar; Seyit A. Kahraman (уред.), Sicill-i Osmanî (турски), Beşiktaş, Istanbul: Türkiye Kültür Bakanlığı and Türkiye Ekonomik ve Toplumsal Tarih Vakfı, стр. 80
- ↑ 'Abd al-Rahman Jabarti; Thomas Philipp; Moshe Perlmann (1994). Abd Al-Rahmann Al-Jabarti's History of Egypt. 1. Franz Steiner Verlag Stuttgart. стр. 307.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Тирјаки Хаџи Мехмед-паша |
Голем везир на Османлиската Империја 24 август 1747 – 2 јануари 1750 |
Наследник Дивитдар Мехмед Емин-паша |
Претходник Ебубекир-паша |
Османлиски управник на Босна 1750–1751 |
Наследник Ќопрулу Хаџи Ахмед-паша |
Претходник Нишанџи Ахмед-паша |
Османлиски управник на Египет 1751–1752 |
Наследник Дивитдар Мехмед Емин-паша |