Ниуеански јазик

Полинезиски јазик
(Пренасочено од Ниуески јазик)

Ниуеанскиот јазик (ko e vagahau Niuē) е австронезиски јазик кој е дел од групата на полинезиски јазици. Јазикот е сроден со тонганскиот јазик, а нешто поразличен од самоанскиот, маорскиот и хавајскиот јазик. Тонганскиот и ниуеанскиот јазик сочинуваат своја подгрупа во групата на полинезиски јазици наречена тонгански јазици. Јазикот е службен во Ниуе.

Ниуеански јазик
ko e vagahau Niuē
Застапен воНиуе, Кукови Острови, Нов Зеланд, Тонга
Говорници8.000  
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-2niu
ISO 639-3niu
{{{mapalt}}}

Говорници

уреди

Јазикот го зборуваат околу 2.240 жители во Ниуе, што е околу 97.4% од населението на оваа новозеландска територија. Јазикот исто така се зборува на Куковите Острови, Нов Зеланд и Тонга. Вкупната бројка на говорници на јазикот се движи некаде до 8.000 жители. Повеќето од Ниуеанците живеат надвор од Ниуе. Најголем број од Ниуеанците зборуваат и англиски. Според податоците од 1990-те, 70% од Ниуеанците живеат во Нов Зеланд.[1]

Дијалекти

уреди

Ниуеанскиот јазик има два дијалекта: „моту“ или „постар дијалект“ се зборува во северниот дел на Ниуе и „тафити“, кој се зборува во јужниот дел на островот. Разликите меѓу дијалектите се воглавно во зборовниот фонд.

Фонологија

уреди
Согласки
усни алвеоларни меконепчени грлени
експлозивни p t k
струјни f v (s) h
носни m n ŋ
ликвидни l (r)
Самогласки
  предни централни задни
  долги кратки долги кратки долги кратки
високи i u
средни e o
ниски a

Во јазикот можат да се појават следните дифтонзи:

  • /ae/ /ai/ /ao/ /au/
  • /ea/ /ei/ /eo/ /eu/
  • /ia/ /ie/ /io/ /iu/
  • /oa/ /oe/ /oi/ /ou/
  • /ua/ /ue/ /ui/ /uo/

Граматика

уреди

Синтакса

уреди

Зборовниот редослед на ниуеанскиот јазик е прирок-подмет-предмет. Поради тоа што глаголите не се означени, често ниуенските преодни глаголи се појавуваат во пасивбна форма при буквален превод. Така на пример,

спореди

Kua kitia e ia e kalahimu
[време] гледа [од-конструкција] тој [член] краба
„Крабата беше видена од него“

и

Kua kitia e kalahimu
[време] гледа [член] краба
"Крабата беше видена"

Морфологија

уреди

Заменки

уреди

Заменките во јазикот имаат лице и број. Првото лице множина и двоина има вклучителна и исклучителна форма. The Niuean pronouns are:

  еднина двоина множина
1 л. (вклучително) au taua tautolu
1 л. (исклучително) maua mautolu
2 л. koe mua mutolu
3 л. ia laua lautolu

Броеви

уреди
1 taha 10 hogofulu 100 taha e teau 1000 taha e afe
2 ua 20 uafulu 200 ua (e) teau 2000 ua (e) afe
3 tolu 30 tolugofulu 300 tolu (e) teau 3000 tolu (e) afe
4 fa 40 fagofulu итн. итн. итн. итн.
5 lima 50 limagofulu
6 ono итн. итн.
7 fitu
8 valu
9 hiva

Наводи

уреди
  1. Moseley, Christopher and R. E. Asher, ed. Atlas Of The World's Languages (New York: Routelage, 1994) p. 100

Литература

уреди
  • Kaulima, Aiao & Beaumont, Clive H. (1994). A First Book for Learning Niuean. Auckland, New Zealand: Beaumont and Kaulima. ISBN 0-9583383-0-2.
  • Kaulima, Aiao & Beaumont, Clive H. (2000). Learning Niuean, Book 2. Tohi Ako Vagahau Niue. Auckland, New Zealand: Beaumont and Kaulima. ISBN 0-9583383-9-6.
  • McEwen, J. M. (1970). Niue Dictionary. Wellington, New Zealand: Department of Maori and Island Affairs. No ISBN.
  • Seiter, William J. (1980). Studies in Niuean Syntax. New York & London: Garland Publishing, Inc. ISBN 0-8240-4560-2.
  • Sperlich, Wolfgang B. (1997). Tohi vagahai Niue - Niue language dictionary: Niuean–English, with English–Niuean finderlist. Honolulu, Hawai'i: University of Hawai'i Press. ISBN 0-8248-1933-0.
  • Tregear, Edward & Smith, S. Percy (1907). A Vocabulary and Grammar of the Niue Dialect of the Polynesian Language. Wellington: Government Printer.
  • Anon. et al. (2003). Ko e Tohi Tapu | The Holy Bible in Niue. Suva, Fiji: The Bible Society in the South Pacific. ISBN 0-564-00077-9.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди