Никола Трајков
Никола Лазов Трајков ( 1919 во Скопје — 1945 во Чачак, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од бедно семејство. Заврши основно училиште, а потоа станал општ работник. На 15 декември 1944 година, по ослободувањето на Македонија, стапил во XV македонски корпус со кој заминал за Срем, каде завршил воена обука за ракување со новото оружје. Учествувал во пробивот на Сремскиот фронт и во гонењето на разбиените германски единици. Ја доживел капитулацијата на Германија и предавањето на големите германски единици. Југославија била слободна. Неговата единица добила задача да учествува во ликвидирањето на преостанатите четнички групи во Србија. Во една од акциите против четниците храбро загинал во близината на Чачак.[1]