Никола Стојчевски

македонски ракометар

Никола Стојчевски (роден во Ресен на 9 август 1984[1]) — македонски поранешен ракометар.

Никола Стојчевски
Лични податоци
Роден(а) 9 септември 1984(1984-09-09)(40 г.)
Ресен, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Спорт Ракомет
Висина 1.84 м
Тежина 84 кг
Позиција Среден бек
Клупски податоци
Сениорски клубови
2003–2005
2005–2008
2008–2009
2009–2010
2010
2010–2012
2012–2013
2013–2015
2015–2016
2016–2017
2020–
Македонија Преспа
Македонија Вардар Про
Хрватска Осијек
Романија Клуж Напоха
Романија Пандури Таргу Жију
Македонија Металург Скопје
Тунис Клуб Африкан
Шведска Редбергслид
Шведска Дрот
Германија Ферндорф
Шведска Торсланда
Репрезентација
  Македонија Македонија 24 (33)

Кариера

уреди

Стојчевски започнал да игра ракомет во тимот на Преспа, а потоа, преку младинската екипа на РК Вардар, станува и дел од сениорскиот тим на Вардар Про. По три поминати сезони во дресот на Вардар, тој започнал интернационална кариера во РК Осиек во 2008 година, а потоа играл во романското првенство во клубовите Клуж Напоха и Пандури Таргу Жију. Стојчевски се вратил во македонската супер лига во 2010 година, потпишувајќи договор со Металург, но сепак, по две поминати сезони, го напуштил клубот и заиграл за тунискиот прволигаш Клуб Африкан.

Со македонската репрезентација, Стојчевски настапил на Европското првенство 2014 во Данска.

Стојчевски првично ја завршил кариерата во дресот на германскиот второлигаш Ферндорф во 2018 година на 33 годишна возраст,[2] но повторно се вратил на професионалниот ракомет две години подоцна, потпишувајќи за шведскиот второлигаш Торсланда.[3]

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-03-28. Посетено на 2011-06-14.
  2. Стојчевски ја заврши кариерата g-sport.mk; 12 јули 2018
  3. Torslanda HK presenterade flera intressanta nyförvärv Torslanda HK; 25 јули 2020 (шведски)

Надворешни врски

уреди