Диви ангели (филм од 1966)
Диви ангели (англиски: The Wild Angels) - американски филм од 1966 година, во режија на Роџер Корман (Roger Corman), според сценариото на Чарлс Б. Грифит (Charles B. Griffith). Главните улоги ги играат: Питер Фонда (Peter Fonda), Ненси Синатра (Nancy Sinatra) и Брус Дерн (Bruce Dern). Овој филм се смета за првиот филм на мотоциклистичкиот поджанр, а за него, режисерот Корман бил номиниран за наградата „Златен лав“ на Венецијанскиот филмски фестивал во 1966 година.[1]
Синопсис
уреди„Ангелите“ се мотоциклистичка банда од Сан Педро. Тие се забавуваат во долината Коачела во Калифорнија, често доаѓаат во конфликт со полицијата, а на крајот, на свој начин го организираат погребот на еден член од бандата.[2]