„Немирни“ — југословенски филм од 1967 година, во режија на Војислав Кокан Ракоњац. Главните улоги ги толкуваат: Милена Дравиќ, Ана Красојевиќ, Шпела Розин, Јанез Врховец, Душица Жегарац, Воја Мириќ, Павле Вуисиќ, Милан Срдоч и Марко Тодоровиќ.[1]

Синопсис

уреди

Се случува тешка сообраќајна несреќа, а од сведоците милицијата дознава дека несреќата ја предизвикал еден возач на украдено Пежо. Всушност, автомобилот го возела една девојка, а со неа биле уште четири малолетни лица. Милицијата започнува потера по девојката, но таа го остава возилото и бега во ноќта, а веднаш потоа автомобилот е уништен во тежок судар. Милицијата ги пронаоѓа настраданите во уништениот автомобил, но меѓу нив ја нема девојката. Потерата по неа продолжува во Белград. Таа успева да се скрие во кабината на еден камион-ладилник, а на возачот му кажува дека е ќерката на шумарот. Во текот на возењето, тој се вљубува во девојката. Подоцна, милицијата дознава дека девојката заминала со ладилникот, но во мигот кога го запира камионот, таа успева да побегне во шумата. Така, потерата по неа продолжува...

Наводи

уреди