Неверојатната приказна за Островот на розите

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Островот на розите познат и како Неверојатната приказна за островот на Розите (L'incredibile storia dell'Isola delle Rose) е филм од 2020 година во режија на Сиднеј Сибилија.

Филмот ја раскажува приказната за Островот на розите, вештачка платформа, направена од инженерот Џорџо Роза, која стана микронација на 1 мај 1968 година, па сè до февруари 1969 бидејќи урната од властите.

Содржина

уреди

Стразбур, зимата 1968 година. На пат кон канцеларијата, претседателот на Советот на Европа, Жан Батист Тома забележува човек кој со денови стои во ходникот на зградата, чекајќи прилика да може да го претстави својот случај. По многу инсистирање и благодарение на документите потпишани од Обединетите нации, Тома се согласува да се сретне со него и да ја слушне неговата приказна.

Болоња. Вечерта кога го прославува дипломирањето по инженерство, младиот и ексцентричен Џорџо Роса се среќава со својата поранешна девојка Габриела, дипломирана правничка. Сепак, неговиот обид да ѝ пријде за повторно да го воспостави тој однос завршува неславно, пред сè затоа што Габриела го смета за незрел и неспособен да се прилагоди во современото општество. По неколку залудни обиди да се адаптира во заедицата, Џорџо на крајот решава да изгради поморска платформа покрај брегот на Римини, надвор од италијанските територијални води, за да конструира свој приватен свет. Со помош на својот стар пријател и соученик, богатиот Орландини, Џорџо успева да ја оствари својата замисла, која на крајот го добива името Островот на розите.

Откако го примиле бродоломецот Пјетро Бернардини, кој стана и првиот жител на островот, двајцата пријатели се согласуваат од Островот да направат летна туристичка дестинација, со помош на младата шанкерка Франка и Нојмар, човек без државјанство и експерт за организација на настани. Популарноста за Островот го привлекува и вниманието на Габриела, која оди таму за да му соопшти на Џорџо дека ќе се мажи; сепак, и покрај фантазирањето за нејзиното поранешно момче, не може да не му укаже дека тоа што го прават не е ништо повеќе од необична дискотека среде море.

Размислувајќи за нејзината реакција и зборувајќи и со неговите пријатели, Џорџо добива една луда идеја: да го изнесе случајот пред Обединетите нации надевајќи се дека Островот ќе биде признаен како независна држава. Во меѓувреме, Островот на розите веќе избрал официјален јазик (есперанто), влада, валута и поштенска служба; сè освен официјално признание. Таквиот настан предизвика реакции од италијанската влада предводена од Џовани Леоне, кој го задолжи Министерот за внатрешни работи, арогантниот и фанатик Франко Рестиво, да го реши проблемот. Рестиво прво се обидува да го поткупи Џорџо ветувајќи му две правни отстапки во замена за откажување од неговиот проект, а кога тој одбива, Рестиво наредува неговиот татко Улисе да биде отпуштен од фабриката каде што работи. И покрај заканите, заплашувањата и свртениот грб од пријателите, кои дозволуваат да бидат поткупени од владата, Џорџо не се откажува, а по советот од Габриела, експерт за меѓународно право, решава да приложи неговиот случај во Стразбур.

Претседателот Тома одлучува да отпочне случај, помагајќи му на Џорџо да го изнесе пред Советот, кој се согласува да го разгледа и покрај притисоците од италијанската влада. Во тој момент, плашејќи се дека Советот би можел да го признае Островот, Рестиво го убедува Леоне, кој планира да поднесе оставка, да потпише изјава за војна против Островот на розите, испраќајќи го крстосувачот Андреа Дорија од Венеција да ја бомбардира платформата. Откако Рестиво го информира за случувањата, Џорџо набрзина се враќа назад, придружуван од неговите пријатели, кои избираат да се откажат од владините пари за да го поддржат нивниот пријател. Поради нивното присуство, наместо да го бомбардира островот, командантот само го минира и разнесува, во знак на предупредување.

Од одјавната шпица се дознава дека Советот на Европа одбил да изрече одлука, поради притисоците од двете страни, но имплицитно признавајќи ја независноста на Островот. За да се избегнат слични случаи во иднина, ОН ја поместија границата на територијалните води од 6 на 12 милји од брегот. Крајната сцена од филмот е кадар од свадбата на Џорџо и Габриела и слики од нивниот понатамошен заеднички живот.

Продукција

уреди

Снимањето на филмот било помеѓу градовите: Болоња, Римини, Ричоне,[1] Рим, Вале д'Аоста,[2] Анцио [3] и Малта, каде што биле снимeни островските сцени.[4]

Промоција

уреди

Првиот трејлер за филмот бил објавен на 27 октомври 2020 година заедно со првиот плакат.[5]

Дистрибуција

уреди

Од 9 декември 2020 година, филмот е достапен на Нетфликс.[6]

Историски нејаснотии

уреди

Дел од информациите за главните ликови се измислени и изменети за кинематографски цели, како што се: возраста, бракот и датумите на одредени настани.[7][8][9][10][11]

Во едно интервју за Il Giornale, архитектот Масимо Франкини, кој во тој период ги пренесувал туристите да го видат островот, изјави дека филмот „ја реконструира атмосферата од тој период, заедно со стереотипот на Ромања, а пак приказната е лажна и измислена: никогаш немало толку многу луѓе горе, ниту музика, па дури ни бар“.[12]

Исто така нема докази за патувањето на Џорџо Роза во Стразбур за да поднесе жалба до Советот на Европа,[13] ниту пак биле испукани куршуми од топ, како што е прикажано во филмот, кога властите го окупирале островот.[13]

Наводи

уреди
  1. „L'incredibile storia de L'Isola delle Rose dal 9 dicembre su Netflix“. EmiliaRomagnaCreativa. 9 dicembre 2020. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „L'incredibile storia dell'Isola delle Rose, un film audace come la storia che racconta“. 10 dicembre 2020. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „Latina, 400 aspiranti comparse per il film tratto dal romanzo di Veltroni“. 8 settembre 2019. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „Sui luoghi delle fiction – a Malta per L'incredibile storia dell'Isola delle Rose“. MaridaCaterini. 17 ottobre 2019. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. „L'INCREDIBILE STORIA DELL'ISOLA DELLE ROSE: TRAILER E POSTER DEL FILM NETFLIX DI SYDNEY SIBILIA“. 27 ottobre 2020. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  6. Грешка: Немате укажано назнака на страницата на YouTube
  7. „Biografia Giorgio Rosa“.
  8. „La vera storia dell'Isola delle Rose“. 9 dicembre 2020. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  9. „Piattaforma davanti a Rimini proclamata "Stato indipendente". 26 giugno 1968. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. „La polizia ha già occupato l'isola artificiale di Rimini“. 26 giugno 1968. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  11. „Il "mistero" dell'Isola delle Rose“. 27 giugno 2018. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  12. „L'INCREDIBILE STORIA DELL'ISOLA DELLE ROSE, L'ARCHITETTO: "UNA RICOSTRUZIONE FASULLA E ROMANZATA". 3 gennaio 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  13. 13,0 13,1 „L'incredibile storia dell'Isola delle Rose: cosa c'è di vero e cosa è inventato?“. 15 dicembre 2020. Архивирано од изворникот на 2020-12-15. Посетено на 2023-04-21. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)