Неа Еклезија (грчки: Νέα Ἐκκλησία, "Нова црква") е поранешна црква која се наоѓала во Цариград , денешен Истанбул, Турција. Црква била изградена од страна на византискиот цар Василиј I Македонецот во периодот од 876 до 880 година. Оваа црква била првата која била изградена по завршувањето на Аја Софија во 6 век и го означува почетокот на средниот период од византиската архитектура[1]. Црквата се користела и во времето на Палеолозите. Во времето на Османлиите објектот бил срушен во 1490 година кога претходно бил погоден од гром.

Неа Еклезија
Основни податоци
МестоЦариград , Византија
Припадностхристијанство
ЕпархијаГолемата палата во Цариград
Осветен876
Архитектонски опис
Архитектонски типцрква, манастир
Архитектонски стилвизантиска архитектура
Завршен880
Особености
Куполи5

Историја

уреди

Императорот Василиј I бил основач на македонската династија и се смета за еден од најуспешните византиски императори и како реставратор на империјата. Честопати бил споредуван со Јустинијан I бидејќи вовел проиграма за изградба на Цариград. Една од главните погледи на императорот била да создаде нова Света Софија односно Нова црква во градот.

Започнувањето на изградбата била под личен надзор на Вазилиј. Местоположбата на црквата била во југоисточниот дел од Големата палата во Цариград , во близина на Циканистерион. Во идните години црквата одиграла важна улога при царските церемонии[2]. Во текот на 11 век била претворерна во манастир познат како Нов манастир. Во времето на Османлиите објектот бил претворен во работилница за барут. Но во 1490 година објектот бил погоден од гром по кое била срушена.

Денеска за деталите на црквата се знае многу малку, главно од книжевните дела. Црквата се состоела од пет куполи. Централната купола била посветена на Исус Христос додека останатите четири најверојатно на други четири светци. Расшпредот на куполите исто така е спорен. Според некои, основата се состоела од квадратен крст.

Наводи

уреди
  1. Stankovic (2008)
  2. Magdalino (1987), pp. 61–3

Надворешни врски

уреди