Народни носии од Воденско и Мегленско
Народните носии од овие краишта биле носени во околијата на Воденско, Негушко (Сланица) и Мегленско (Македонски и Влахомеглен), денеска во Егејска Македонија.
Носии од Мегленско
уредиЖенската носија
уредиВо овој предел, жените носеле кошула, сагија, шајак, долама и прегач. Некои од овие облеки биле застапени и кај мегленските власи. До крајот на XIX век невестите носеле на главата и сокај во вид на ќесе за плетенките до косата, везено со свила, а над челото се носела везена лента тн. „таркма“. Меѓутоа, под влијанието на воденската градска носија, традиционалните делови од женската мегленска носија од рано почнала да се заменува со градски облеки од фабричкиот материјал „свита“, и тоа либаде, ќундугун, болка, идр. [1]
Машката носија
уредиМашката носија од мегленско се надоврзува на носиите од западните предели на јужна Македонија. Непосредно до телото мажите облекувале бела шајачна аба со ракави, соединети во долниот дел со плетени нараквици до китката. Над неа носеле китèна кошỳла сошиена од повеќе бочници, како и платнени гаќи. Другите делови од носијата изработени од шајак се шалвари, елек (за летото), шајак „шајач“ (за зимата), и ногавици „ѕифри“, кои со врвки се придржувале за појасот, а под колената се стегнувале со тн „подвèски“. Подоцна влегле во употреба и памучни ногавици, познати како „берски ѕифри“. На главата во турско време носеле фес. Во машката сточарска носија била застапена и гуна со ќулавка за главата тн. „капỳчка“. [1]
Носии од Воденско
уредиМашката носија
уредиСо значителни разлики во декорацијата, оваа машка носија (долуспомнатата мегленска) се прострала и во другите предели околу Воден. [1]
Женската носија
уредиТрадиционалната женска носија од околината на Воден се одделува со своите специфичности, а најдолго се одржала во десетина села североисточно од Негуш. Карактеристични делови од оваа носија се кошула, тн. „кават“, сагија за летно време и шаек (шајак) за зимно време. Специфичност на кошулата е масивната ткаена декорација од дебела црвена волна во долниот дел.
Горна облека „кават“ со долги ракави е изработена од индустриска материја, а сагијата со куси ракави е изработена од бело домашно платно. Двете предни поли на сагијата, која се облекува над сите облеки, се завратуваат наназад и затоа од внатрешната страна се поставени со апликации од црвено платно. Во празнични денови скутината „прегач“, која се правела од една дипла (од две дипли понатаму), се китела со сребрени пафти, а на градите со токи (трореден метален накит). Како и кај другите јужномакедонски носии, и тука е карактеристично невестинското покривање на главата кое се состои од пирамидална капа тн. „калпак“, од внатрешната страна оформена од три мали штички, потоа везена лента „тракма“ и голема квадратна везена марама „чембер“, која паѓа на грбот. [1]
Галерија
уреди-
Жена во носија од Воденско (1913, почеток на ХХ век)
-
Женска носија од село Пископија (лево) и од Бер (десно), двете во регионот Сланица
-
Женска носија од село Пископија, Сланица
-
Женска носија од село Пископија, Сланица
-
Женска кошула од с. Пишкопија, Сланица
-
Карта на областите Мегленско и Влахомеглен