Јужномакедонска носија
Јужномакедонската носија е носија која е карактеристична за најјужниот дел на Македонија -
- Леринско Поле [1]
- Леринска Река [1]
- Костурско [1]
- Кајларско/Сар'ѓолско
- Воденско и Мегленско
- Пазарско/Ениџе-вардарско [1]
- Солунско Поле [1] (заедно со Вардарија и Лагадинско поле)
- Бојмија [1]
Особености
уредиНародните носии и во овој дел на Македонија покажуваат голема разновидност, со бројни облеки и разновидна декорација. [1]
Машките носии во јужномакедонската етничка целина се поедноставни и со помали пределски разлики. Основни делови во машките носии се: бела платнена кошула со широки ракави, гаќи од платно, клашнени ѕиври, ногавици, беневрези, тесни ткаени појасчиња за под колена - подвески, ќурдија - безракавна облека од црна клашна, и долама - зимска дебела облека со црвени украсни ширити. Сточарска облека е трлаган, гуна - од волна и козина, со широка јака за ќулафка. [1]
Анализата на одделните облеки од составот на празничната женска и обредната машка носија укажува на зачувани далечни траги од старобалканската и старословенската културна традиција, со примеси на елементи од византискиот и ориенталниот начин на украсување. [1]