Влахомеглен
Влахомеглен — етногеографска област во Македонија, денес поделена меѓу Егејска и Вардарска Македонија. Влахомеглен е помал предел во состав на пошироката област Меглен, во нејзиниот североисточен дел.
Територија и населени места
уредиСамо четири села во Влахомехлен се наоѓаат на територијата на Република Македонија, тоа се селата во Гевгелиско, во југоисточните падини на Кожуф: Моин, Ума, Серменин и Конско. Во политичките граници на Грција се наоѓаат села Баровица, Купа, Мала Ливада, Лесково, Тушин, Нонте (Н'нте) и др. Вкупниот број на влахомегленските села изнесува 15. Во нив живеат Власи (во помал број дојдени од други делови од Македонија), освен во Лесково и Тушин во кои живеат Македонци.[1]
Населени места
уредиНаселение и занимање
уредиОд вкупно 14.000 жители во Влахомеглен колку што живееле во 1890 година, мнозинството од работоспособното население се занимавало со земјоделство и со одгледување на свилената буба. Исклучок чини населението од најголемото влахомегленско село Нонте, кое се занимавало со грнчарство.
Влахомегленските Власи, воопшто земено, значително се разликуваат од другите Власи од Македонија. Тие зборуваат на посебен дијалект, имаат поинаква носија итн., а самите тие наместо Арумани се нарекуваат со македонскиот назив Власи. Многумина од нив, наместо влашкиот го користат македонскиот јазик.[1]