Нанче Илиевски (роден на 22 ноември 1928 година во Бигор Доленци, Кичевско - починал на 20 декември 1979 година во Скопје) — македонски електротехнички инженер во рударството и металургијата.[1]

Нанче Илиевски
Роден 22 ноември 1928
Бигор Доленци, Кичевско, Кралство Југославија
Починал 20 декември 1979
Скопје, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање електротехнички инженер

Животопис

уреди

Илиевски основно образование завршил во родното место (1938), гимназија во Неготин-Краина (1939–1945), во Скопје (1946), Електротехнички факултет во Белград, еден семестар во Диселдорф (1947–1952). Работел како технички директор во рудниците за олово и цинк „Злетово” (Служба за одржување), па на градилиштето на рудниците и железарницата „Скопје”, бил директор на Топилницата (1963–1965), на Капитална изградба (1966– 1970), помошен директор за развој и инвестиции (1970–1976), а потоа и генерален директор за металуршко производство. Добил повеќе награди и признанија.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Илиевски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 598. Text "series " ignored (help)