Награда „Стојан Христов“
(Пренасочено од Награда Стојан Христов)
Награда „Стојан Христов“ — награда за македонски поети иселеници.
Историјат
уредиНаградата „Стојан Христов“, востановена во 2010 година, е престижна награда која секоја година се доделува за најдобра поетска збирка од поет иселеник. Наградата го носи името на Стојан Христов, познат писател, новинар и публицист кој поголемиот дел од својот живот живеел и творел во САД. Наградата ја спонзорира Агенцијата за иселеништво[1] и се доделува во рамките на манифестацијата Струшки вечери на поезијата.[2]
Добитници на наградата „Стојан Христов“
уреди- 2010 — Елизабета Петровска (Хрватска), за збирката „Солзи полни насмевки“.[3]
- 2011 — Душан Ристески (Австралија), за збирката „Украдени мисли“.[4]
- 2012 — Ивица Челиковиќ (Шведска), за збирката „Праг и огледало“.[5]
- 2013 — Иван Трпоски (Австралија), за збирката „Угрејсонце во мојот сон“.[6]
- 2014 — Лилјана Стоилковска Андовска (Шведска), за збирката „Анатомија на чувствата“[7]
- 2015 — Снежана Алексиќ-Станојловиќ (Србија), за збирката „Ода за Орфеј“.[8]
- 2016 — Искра Пенева (Србија), за збирката „Некаде помеѓу”.[9]
- 2017 — Жаклина Михајлова (Австралија), за збирката „Руен".[10]
- 2018 — Наум Трајчески (Австралија), за збирката „Одминато време".[11]
- 2019 — Сузана Ѓорушевска (Шведска), за збирката „Гребнатини на душата“.[12]
- 2020 — Тања Крмзова-Костиглиола (Франција), за збирката „Дваесет и еден грам".[13]
- 2021 — Емил Попорданоски (Австралија), за збирката „Во прегратките на љубовта“.[14]
- 2022 — Емилија Тодорова (Австралија), за збирката „Гравитација".[15]
- 2023 — Ирена Павлова-Де Одорико (Италија), за поемата „Светец“.[16]
Наводи
уреди- ↑ „ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ ЗА НАГРАДАТА СТОЈАН ХРИСТОВ | Агенција за иселеништво“. minisel.gov.mk. Архивирано од изворникот на 2023-11-05. Посетено на 2023-11-05.
- ↑ „Струшки вечери на поезијата“. svp.org.mk. Посетено на 2023-11-05.
- ↑ Momir (2010-07-30). „"Солзи полни насмевки" најдобра книга на македонски јазик во дијаспората“. OhridNews (англиски). Посетено на 2023-11-06.
- ↑ „Информации на Агенцијата за Иселеници на Македонија“. Македонска нација. Посетено на 2023-11-06.
- ↑ Momir (2012-08-22). „Струга подготвена за Струшките вечери, Ивица Челиковиќ најпоет-иселеник“. OhridNews (англиски). Посетено на 2023-11-06.
- ↑ „ИВАН ТРПОСКИ – ПОЗНАТ И ПРИЗНАТ ПАТРИОТ, ПОЕТ И НОВИНАР – Makedonsko Sonce“ (англиски). 2022-01-29. Посетено на 2023-11-06.
- ↑ „Чувар на македонскиот литературен јазик“. Република Online. Архивирано од изворникот на 2023-11-10. Посетено на 2023-11-10.
- ↑ Spasik, Daniela (2015-07-05). „Промовирана книгата „Ода за Орфеј" на Струшките книжевни средби“. Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид. Архивирано од изворникот на 2023-11-05. Посетено на 2023-11-06.
- ↑ Spasik, Daniela (2016-11-09). „Искра Пенева ја промовираше новата книга „Некаде помеѓу" пред охридската читателска публика“. Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид. Архивирано од изворникот на 2023-11-05. Посетено на 2023-11-06.
- ↑ developer (2017-09-20). „Жаклина Михајлова - добитник на Наградата „Стојан Христов"“. Australian Macedonian Weekly & Today (англиски). Посетено на 2023-11-06.
- ↑ „Поетот Наум Трајчески почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев" – Охрид | НУ Библиотека „Григор Прличев" Охрид“. Посетено на 2023-11-06.
- ↑ „Гребнатини на душата“. feniks.net.mk. Посетено на 2023-11-06.
- ↑ „Поезијата ми е слобода на битисувањето: Интервју со поетесата Тања Крмзова Костиглиола“. Женски Магазин (англиски). Посетено на 2023-11-06.
- ↑ Умно.мк, од (2021-08-28). „„Во прегратките на љубовта" на Емил Попорданоски наградена за најдобра книга на автор од дијаспората - УМНО.МК“. Посетено на 2023-11-06.[мртва врска]
- ↑ Умно.мк, од (2022-08-17). „„Гравитација" на Емилија Тодорова – поетски печат со оригинално и лирско „јас" - УМНО.МК“. Посетено на 2023-11-06.
- ↑ „Павлова Де Одорико добитничка на наградата „Стојан Христов"“. Vesti.mk - Сите вести на едно место. Архивирано од изворникот на 2023-11-05. Посетено на 2023-11-06.