Емилија Тодорова — македонска и австралиска поетеса и прозаистка.

Емилија Тодорова

Животопис

уреди

Емилија Тодорова, родена во Скопје, од 1989 г. живее во Сиднеј, Австралија, каде што работела на извршни и сениорски лидерски позиции во федералниот јавен сектор со одговорности кои, меѓудругото, опфаќале: стратешко деловно планирање и управување со промени; управување со човечки, финансиски и физички ресурси; обука на лидери и кадровски развој; развој на организациската култура; раководење со односите со релевантните чинители во јавниот, невладиниот и приватниот сектор; услуги и ангажирање на заедниците на Првите народи (домородното население) и на мултикултурните заедници; подобрување на услугите и искуството на клиентите, министерска и омбудсманска кореспонденција и управување со вонредни состојби.

Паралелно со нејзината примарна професија во јавниот сектор, неколку години била ангажирана и на Катедрата за современи јазици на Универзитетот Маквори и како двојазичен консултант.

Презентирала на повеќе национални и меѓународни конференции, меѓу кои и Меѓународната конференција за ангажман на заедницата (Бризбејн 2006), Националната конференција за бездомништво (Сиднеј 2006), Националната конференција за социјално претприемништво (Мелбурн 2005), ХII Светски фестивал на младината и студентите (Москва 1985), I Фестивал на младината на Медитеранот (Валенсија 1982) и т.н.

За исклучителни достигнувања во својата кариера добитник е на повеќе австралиски признанија.

Творештво

уреди

Со новинарско и креативно пишување се занимавала уште пред заминувањето од Македонија. Соработувала со „Студентски збор“ и Третата програма на Радио Скопје, а била и еден од основачите и заменик-уредник на младинското списание за популарна наука „Активус“.

Учествувала на поголем број поетски манифестации во Македонија и поранешна Југославија, меѓу кои и „Млада Струга“, „Мајски поетски средби“, „Горданино пролеќе“, „Бранково коло“ и т.н.

Наградувана е повеќепати за поезија и кратки книжевни форми во поранешна Југославија, Македонија, Австралија и САД.

Објавувала песни во весници и периодика („Омладинске новине", "Повод", "Стремеж", "Балкански книжевен гласник", „Везилка“ и т.н.), а застапена е и во неколку македонски и меѓународни поетски избори и антологии.

Активно твори на македонски и англиски јазик.

Преведува од англиски, српски и бугарски јазик.

Награди и признанија

уреди
  • Награда „Стојан Христов“[1] (2022) при Струшките вечери на поезијата - за збирката поезија „Гравитација"[2] (ISBN - 978-608-4722-25-0, Агенција за иселеништво, Скопје 2022)
  • Откупна награда на конкурсот за краток расказ на весникот „Нова Македонија“ - за расказот „Големиот чекор“[3] (2022)
  • Прва награда на национален конкурс на Оптус (Optus) во Австралија за креативен маркетинг (2020)
  • Орден за општествени заслуги (2006)[4] – доделен од Гувернерот на Австралија
  • Златен медал на Федерацијата на Советите на етничките заедници на Австралија (FECCA)[5] за унапредување на мултикултурните односи (2005)
  • Награда за Денот на Австралија (2004) - за извонреден придонес во градењето меѓусекторски партнерства
  • „Горданино пролеќе“ (1985) - избор во десетте најдобри млади поети на Југославија
  • „Мајски поетски средби” (1984, 1985) – две  први и една трета награда
  • „Бранково коло“ (1985) - откупна награда за циклус песни

Застапена е во следните книги:

  • Избор „Скопски вознеси"[6] Феникс, Скопје 2023
  • Избор „Современи кратки книжевни форми"[7] ИНАКУ,  Скопје 2021
  • Избор „Песни за Скопје"[8] Феникс, Скопје 2021
  • Зборник „Coбирање: Песни од ХХI Светски поетски конгрес“[9], Сиднеј 2003
  • Зборник со љубовна поезија „Коти на копнежи и страст", Сиднеј 2003
  • Зборник поезија „Поетски иселенички меридијани"[10], Скопје 1996
  • Антологија „Македонска поезија во Австралија", Сиднеј 1996

Наводи

уреди
  1. „Награда „Стојан Христов". Википедија. 2023-11-06.
  2. Умно.мк, од (2022-08-17). „„Гравитација" на Емилија Тодорова – поетски печат со оригинално и лирско „јас" - УМНО.МК“. Посетено на 2023-11-07.
  3. НМ (2022-12-14). „Големиот чекор“. Нова Македонија. Посетено на 2023-11-07.
  4. honours.pmc.gov.au https://honours.pmc.gov.au/honours/awards/1133515. Посетено на 2023-11-07. Отсутно или празно |title= (help)
  5. Yumpu.com. „FECCA Annual Report 2004-2005“. yumpu.com (англиски). Посетено на 2023-11-07.
  6. Nena (2023-07-25). „Издавачката куќа „Феникс" објави антологија со која се одбележува 60-годишнината од скопскиот катастрофален земјотрес“. Република. Посетено на 2023-11-07.
  7. НМ (2022-01-05). „Излезе книгата „Современи кратки книжевни форми". Нова Македонија. Посетено на 2023-11-07.
  8. Магазин, Везилка (2021-12-11). „Емилија Тодорова со нејзиното „Скопје" во „Песни за Скопје". Везилка Магазин. Посетено на 2023-11-07.
  9. Austlit. „About AustLit - Availability and Access | AustLit“. www.austlit.edu.au (англиски). Посетено на 2023-11-07.
  10. „ПОЕТСКИ ОСТВАРУВАЊА НА МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЦИ ВО СВЕТОТ (13)“. Македонска нација. Посетено на 2023-11-07.