Душан Ристески — македонски поет, роден е 22 февруари 1954 година во Битола.

Животопис уреди

Душан Ристевски ѕавршил Виша социјална школа, дипломирал на Факултетот по социологија и магистрирал 1996 година на Факултетот по социологија и хуманистика во Сиднеј.

Своите поетски остварувања започнал да ги објавува уште во детсво, објавувал песни за деца во периодика Наш свет, Другарче, списание Македонија. Бил активен член на литературни здрженија. Член е на Друштво на писатели на Македонија[1].

Живее и работи во Австралија, во Сиднеј, каде е виден активист в општествените дејства на Македонци во Австралија. Твори на маледонски и англиски јазик. Во Сиднеј формирал книжевно здружение Глигор Прличев. Сите негови драми се изведени во Австралиско македонски театар во Сиднеј, а дел од нив се претставени на македонската публика.

Со својата поезија е застапен во повеќе зборници и антологии. За поетска збирка Забранета љубов ја доби наградата Иселеничка грамота.

Дела уреди

- Полутици, поезија, 1984, во 1989 година издадена двојазично на англиски и македонски јазик;

- Страдалници на сонот, поезија 1992;

- Мајка, монодрама – изведена во Сиднеј и во Прилеп на Театарските игри „Војдан Чернодрински“, 1990 година;

- Неда, монодрама, поставена во Сиднеј во 1996 и 2016 година.

- Копча, поезија, 2001;

- Цвеќе-Жена, поезија, 2003;

-Страв и срам, драма, 2007;

- Забранета љубов, поезија, 2009;

- Стари и весели, драма, 2010;

- Раскол, драма, 2012;

- Остави ја свеќата да гори, драма, 2012;

- Борење со мечка, драма, 2013;

- Ограда, драма, 2014;

- Доктор Жими Мајка, драма, 2015;

- Куферот, драма, 2016;

- баба се мажи, драма, 2016;

- Ченто, монодрама, 2016;

- Сонце мое, драма, 2017;

- Каменот од Роби, драма, 2018,

- Последниот Македонец, драма, 2018;

- Тага за југ, драма, 2019;

- Баба бегалка, драма, 2019.

Наводи уреди

  1. Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.