Народноослободителен партизански одред „Дримкол“

(Пренасочено од НОПО „Дримкол“)

Народноослободителен партизански одред „Дримкол“ е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија, формирана од Штабот на Втората оперативна зона. Некаде се споменува и како партизански баталјон „Дримкол“, во првт половина на август 1943 година. [1]

Партизански одред „Дримкол“
Активнаавгуст 1943 - октомври 1944
БиткиНОБ

Дејност

уреди

Одредот е формиран во текот на втората половина на август 1943 година во месноста Свети Спас кај Вевчани,[1] од 20 борци, претежно од албанска националност. Неговата главна задача била да дејствува меѓу Албанците, за да ја разобличи големоалбанската пропаганда меѓу албанското население, за формирање НОО и примање нови борци. Борбените дејства главно биле насочени со напади на транспортната линија Струга-Дебар. Еден дел од одредот се спојува со Првата македонско-косовска ударна бригада во текот на октомври 1944 година, во кичевското село Дворци.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 168. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1019.