Музеј Галилео
Музејот Галилео, поранешен Институт и музеј на историјата на науката се наоѓа во Фиренца, Италија, покрај реката Арно која е најблиску до галеријата Уфици. Музејот е посветен на астрономот и научникот Галилео Галилеј.
Музејот Галилео поседува и една од најголемите светски збирки и научни инструменти, кој што носи докази за улогата што големите војводи Медичи и Лорен кој ја предавале науката на научниците.
Музејот
уредиМузејот ги содржи вредните научни инструменти од збирките на Медичи кои првпат биле изложени и во Собата за математика во галеријата Уфици. Тие подоцна биле преместени и во Музејот за физиката и природната историја, кој е основан од големиот војвода Питер Леополд во 1775 година. За време на владеењето на големите војводи од Лорен, нови инструменти биле додадени во научните збирки. Во 1929 година, Првата италијанска изложба на историјата на науката во Фиренца ја истакнува и важноста на научните збирки во рамките на италијанското културно наследство.
Колекцијата Медичи
уредиДеветте соби кои се на првиот кат се посветени на збирките на Медичи, кои се од 15 век до 18 век. Постојаната изложба ги вклучува и сите уникатни артефакти на Галилео, меѓу кои се и неговите единствени два постоечки телескопи и врамената објективна леќа од телескопот со кој ги открил галилејските месечини на Јупитер; термометри и извонредна колекција на копнени и небесни глобуси, вклучувајќи ја и Армиларната сфера на Сантучи, џиновската армиларна сфера која е дизајнирана и изградена од Антонио Сантучи.
Колекцијата на Лорен
уредиВо деветте соби кои се на вториот кат се сместени инструменти и експериментални апарати собрани од династијата Лорен (18-19 век), кои сведочат за извонредниот придонес на Тоскана и Италија во напредокот на електричната енергија, електромагнетизмот и хемијата. Експонатите вклучуваат и акушерски модели на восок од болницата Санта Марија Нуова, кабинетот за хемикалии кој е на Големиот војвода Питер Леополд и прекрасните машини кој биле направени во работилницата на Музејот ди Физика и приказна природна за да се илустрираат основните физички закони.
Галерија
уреди-
Армиларна сфера Сантучи
-
Средниот прст од десната рака на Галилео
-
Кабинет за хемија
-
Електрична машина за зимска плоча
-
Арапски небесен глобус, можеби најстариот во светот
Истражување и документација
уредиМузејот врши истражување и документација во историјата на науката и технологијата, како и во областа на зачувување и подобрување на музејските збирки. Збирката книги на библиотеката и големиот број онлајн ресурси се достапни и за научниците. Музејот е партнер со важните институции, како што се и Кралската шведска академија на науките, Нобеловата фондација, институтите на Здружението Макс Планк и Универзитетот Харвард, и ко-спонзорира неколку истражувачки проекти. Исто така, организирал и учествувал на многуте конференции за научнатаа музеологија и историја на науката и на технологијата.
Привремени изложби
уредиМузејот Галилео со години си го подобрувал и промовирал ширењето на научната култура. Со цел ефективно да се исполни оваа заложба, која е промовирана на изложбите за историјата на науката и односот помеѓу науката, технологијата и уметноста. [1] Меѓу најважните изложби во Италија и во светот се: Ренесансните инженери: Од Брунелески до Леонардо да Винчи ; Умот на Леонардо: Универзалниот гениј на дело; Медичи и наука; Телескопот на Галилео: Инструментот што го менува светот ; Галилео: Слики на универзумот од антиката до телескопот; Vinum Nostrum: уметност, наука и митови за виното во античките медитерански култури ; Архимед: Уметноста и науката на пронајдокот и најновата (2019-2020) Водата како микроскоп на природата: Кодексот на Леонардо да Винчи Лестер, Леонардо и неговите книги: Библиотеката на универзалниот гениј, Леонардо да Винчи и постојано движење, Уметност на градење ремек-дело: Колона на Трајан.
Публикации
уредиМузејот објавува историски и научни трудови и две списанија, кои се посветени на истражувањата за фигурата, работата и научните наоди на Галилео Галилеј. Треба да се спомене и Архивата на кореспонденција на италијанските научници и серијата за Италијанската научна библиотека.[2] Покрај тоа, музејот објавува и каталози кој се релевантни за неговите колекции и привремените изложби што ги промовира.
Библиотека
уредиБиблиотеката - која е дел и од институтот од неговото основање - била целосно реконструирана во 2002 година, кога била преместена на третиот кат во Палацо Кастелани. Новата архитектонска поставеност ја доби и наградата „Bibliocom Biblioteche in vetrina“. Во библиотеката се сместени околу 150.000 дела од историјата на науката. Колекцијата на античките книги се состои од речиси 5.000 дела. Ја вклучува и збирката Медичи-Лорен,која е составена од научни книги главно за физика и математика, кој се собрани од тосканските династии во текот на пет века. Библиотеката е дом на неколку архивски збирки од 18 до 20 век и фото архива поврзана со историјата на збирките на музејот, античките инструменти и местата од научен интерес. Современата колекција ги вклучува книгите на италијански и на главните европски јазици и има годишен раст од околу 1.800 нови набавки.[3] Целиот материјал на библиотеката може да се пребарува на онлајн каталогот. Меѓу активностите на библиотеката е составувањето на библиографии - особено Меѓународната галилеска библиографија - и каталогизацијата на документи релевантни за историјата на науката, дури и кои не се во сопственост на библиотеката. Во 2004 година била создадена и Дигитална библиотека за зачувувањето и објавувањето на дигитални збирки од историски научен интерес.[4]
Мултимедијална лабораторија
уредиСвесен за зголемената важност на информациските и комуникациските технологии, Музејот ја започнал својата сопствена мултимедијална лабораторија во 1991 година. Лабораторијата произведува офлајн и онлајн интерактивни апликации кој биле поврзани со ширење и документација и на постојани колекции и на привремени изложби. Исто така, создава дигитални архиви за историски научни истражувања.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Website of the Museo Galileo, List of temporary exhibitions Архивирано на 12 февруари 2018 г..
- ↑ Website of the Museo Galileo, List of publications Архивирано на 16 февруари 2017 г..
- ↑ Stefano Casati, The new library of the Institute and Museum of History of Science, Florence, in Nuncius, vol. 17, nº 2, 2002, pp. 3-8; Alessandra Lenzi, The Library and the Museum, in Annali del Laboratorio museotecnico, vol. 5, Displaying scientific instruments: from the Medici wardrobe to the Museo Galileo, 2012, pp. 331-339.
- ↑ Stefano Casati, The Digital library, in Annali del Laboratorio museotecnico, vol. 5, Displaying scientific instruments: from the Medici wardrobe to the Museo Galileo, 2012, pp. 341-347.
Библиографија
уреди- Camerota, Filippo, уред. (2010). Museo Galileo: Masterpieces of Science. Firenze: Giunti. ISBN 9788809748828.
- Camerota F., уред. (2010). Museo Galileo: Masterpieces of Science. Giunti. ISBN 9788809748828.
- F. Camerota, уред. (2010). Museo Galileo: A Guide to the Treasures of the Collection. Firenze: Giunti. ISBN 9788809748835.
- F. Camerota, уред. (2012). Galileo and the Measurement of Time: Interactive Area,. Firenze: Giunti. ISBN 9788809776067.
- Today’s discovery is... Galileo and the Science of his Time. Milano: Touring Junior. 2013. ISBN 9788836564507.
- F. Camerota, уред. (2012). Displaying Scientific Instruments: From the Medici Wardrobe to the Museo Galileo. Milano: Goppion. ISBN 9788888714172.
Надворешни врски
уреди„Музеј Галилео“ на Ризницата ? |