Леополд II (гер. Leopold II, Виена, 5 мај 1747 годинаа - Виена, 1 март 1792 година) бил владетел од династијата Хабсбург, прво голем војвода од Тоскана од 1765 година до 1790 година, а потоа цар на Светото Римско Царство од 1790 година до својата смрт. Исто така ги носел титулите надвојвода на Австрија, крал на Унгарија и крал на Чешка.

Леополд II

Животопис

уреди

Како трет син на царскиот пар Франц I и Марија Терезија, Леополд II е од почетокот бил предодреден за кариера на свештенството во рамките на Римокатоличките цркви. Сепак, кога неговиот постар брат Карло во 1761 година почина, Леополд како втор син е одреден за наследник на татковиот имот, Големото војводство Тоскана. После тоа, оженет е во 1764 година со шпанската принцеза Марија Лујза. Кога Франц I починал во 1765 година Лепополд станал голем војвода на Тоскан и се преселил од Виена во Фиренца, главен град на неговото војводство.

Како голем војвода на Тоскана, Леополд спровел неколку важни законодавни реформи. Ја вовел широко достапната вакцинација против мали сипаници, забранил тортура во судските процеси и на 23 јануари 1774 година промовирал закон за ментално заболените. Според овој закон во Тоскана е воведен похуман третман кон ментално оболените со што е забрането окојување и физичко злоупотреба на болните. Исто така, Леополд на 30 ноември 1786 година донел закон со кој е наредено укинување на смртната казна и уништување на сите оружја за извршување на најстрогите казни. Големиот војвода Леополд наводно работел и на изработка на многу либерален устав, но тука плановите останаа неостварени со тоа што во 1790 година го презел престолот на Светото Римско Царство.

Леополд II во 1790 година го наследил својот постар брат Јозеф II кој не оставил потомство. Како цар Леополд покажал поконзервативни методи како би ги смирил хабсбуршките имоти во Унгарија, Чешка и денешна Белгија. Поради појавата на Француската револуција, која животно ги загрозила интересите на Марија Антоанета, сопруга на Луј XVI, и сестра на Леополд, новиот цар внимателно се обидувал да не се вмеша отворено во политичките превирања во Франција. Царството во моментот на Леополдовото стапување на престол веќе било вмешано во војната против Османлиското Царство во сојуз со Русија. Со мирот, кој бил потпишан на 4 август 1791 година, царството повторно му ги препуштил Белград и централна Србија на султанот. Кога Луј XVI во септември 1791 година го прифатил првиот устав на Франција, Леополд II се понадевал дека војната може да се избегне, иако Французите веќе ги имале нападнато на германските принцеви на Рајна. Сепак, Леополд II ненадејно се преселил во Виена на 1 март 1792 година, а бил наследен од најстариот син Франц II.