Мртви шуми ― области со мртви дрвја во поранешните шуми, обично во крајбрежните региони каде што зголемувањето на нивото на морето или тектонските поместувања ја промениле висината на копнената маса.[1] Шумите кои се сместени во близина на брегот или утоките, исто така, може да бидат изложени на ризик да умрат поради труење со солена вода, ако навлегувањето на морската вода го намалува количеството на слатка вода што листопадните дрвја ја добиваат за одржување.[2]

Мртва шума во еколошкиот резерват Нагс Хед Вудс, Северна Каролина

Гледајќи го стратиграфскиот запис, можно е да бида реконструирани низа настани кои водат до создавање на мртви шуми каде што, во границата на конвергентна плоча, имало орогено издигнување, проследено со земјотреси што резултирале со слегнување и цунами, менувајќи го брегот и создавање мртви шуми.

Образување

уреди

Менување ниво на морето

уреди
 
Шума потопена во вода во државниот парк Инкс Лејк, Тексас, Соединети Држави.

Кога има промена на нивото на морето, крајбрежните региони може да се преплават со морска вода. Ова може да ги промени крајбрежните области и да убие големи површини дрвја, оставајќи го зад себе она што се нарекува „мртви шуми“.[3] Овој тип на мртви шуми може да се развие во различни средини и на многу различни места. Во јужниот дел на Соединетите Држави, крајбрежните мочуришта се прошируваат во суви шумски области, убивајќи дрвја и оставајќи зад себе области со исправени мртви дрвја. Регионите на Соединетите Држави на или под нивото на морето се поподложни на плимата и осеката. Крајбрежни одлики погодени од промената на нивото на морето се индиректно под влијание на климатските промени. Со глобалното зголемување на нивото на морето, крајбрежјето во јужниот дел на САД се менуваат и оставаат зад себе мочуришта полни со мртви и изумрени дрвја во некои области.[4]

Тектонска активност

уреди
 
Мртва шума во зима, на поранешното место Портаџ, Алјаска, која била уништена од земјотресот во Алјаска во 1964 година.

Мртвите шуми можат да произлезат и од тектонска активност. На северозападниот дел на Тихиот Океан, постои голема, активна зона на подвлекување нареченао Каскадска подвлекувачка зона. Овде, постои конвергентна плочеста граница каде што Гордската Плоча, плочата Хуан де Фука и Истражувачката Плоча се спуштаат под Северноамериканската Плоча.[5] Додека овие плочи се обидуваат да се лизгаат една покрај друга, тие често се заглавуваат. Неколку стотици години плочите ќе бидат заклучени на место и ќе се зголемува тензијата. Како резултат на оваа напнатост, постои орогено издигнување. Овде тензијата помеѓу две конвергирани плочи се претвора во вертикално издигнување на планините на брегот. Орогеното издигнување обично се поврзува со земјотреси и градење на планини.[6] Но, тогаш, на секои 500 и повеќе години, има голем земјотрес во Каскадската подвлекувачка зона и сета таа создадена тензија се ослободува. Ослободувањето на оваа тензија резултира со она што се нарекува слегнување.[7] И со слегнувањето, некогаш покаченото крајбрежје се спушта и до неколку метри под нивото на морето. Овде, нивото на морето не е променето, но крајбрежјето е разобличено, што го прави подложно на плимата и осеката. Областите на крајбрежјето можат да бидат преплавени со морска вода, создавајќи мочуришта и оставајќи зад себе мртви шуми. Каскадскиот настан бил документиран од геологот Брајан Атвотер во неговата книга „Сирачето цунами“. Собирајќи докази и од дрвјата и од земјата, тој утврдил дека земјотресот и цунамито се случиле некаде помеѓу 1680 година и 1720 година, но не можел да го одреди точниот датум. Научниците од Јапонија, кои имале опширни записи за цунами кои датирале уште од 684 година од нашата ера, го прочитале извештајот и му рекле на Атватер дека го знаат датумот, па дури и точното време: 26 јануари 1700 година во 21:00 часот. Неколку часа по земјотресот, брановите од цунамито го преминале океанот и збришале рибарско село. Јапонците биле збунети бидејќи немало земјотрес никаде во близина на Јапонија за да биде одговорен за цунамито. Па така, мртвите шуми во Вашингтон, ги обезбедиле доказите за неговото потекло.[8]

Цунами

уреди
 
Несковинската Мртва Шума.

Покрај слегнување, големите земјотреси можат да предизвикаат и цунами. Можно е да биде утврдено дека мртвите шуми на северозападниот дел на Тихиот Океан се создадени од земјотреси и слегнување со гледање на стратиграфскиот запис. Копајќи надолу во земјата, во непосредна близина на шумата, различни слоеви на седимент може да ја откријат стратиграфијата во мртвата шума. Слоевите на материјал исполнети со органски материјал може да покажат каде се наоѓал старото шумско дно пред слегнувањето. На врвот на слојот, често ќе има голем песочен нанос. Овој слој го претставува делот на цунамито, каде што брегот беше преплавен со морска вода која е исполнета со песочен талог. Надреденоста на врвот на наоѓалиштето на цунами ќе биде каллив депозит, претставник на област подложена на плимата и осеката на океаните.[7]

Глобално затоплување

уреди

Планинската борова бубачка, Dendroctonus ponderosae Хопкинс, е значајна еколошка сила на пределно ниво. Поголемиот дел од животниот циклус е поминат како ларви кои се хранат во ткивото на флоемот (внатрешната кора) на боровите домаќини. Оваа активност на хранење на крајот ги појасува и убива успешно нападнатите дрвја. Неправилно управување со шумите резултирало со зголемена активност на планинските борови бубачки. Овие директни и индиректни ефекти потенцијално имаат катастрофални последици за кората и другите борови на висока надморска височина.[9]

Примери

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. "Ghost forests": What they are and why they're becoming more common“. CBS News. 1 август 2017. Посетено на 4 октомври 2023.
  2. „What is a ghost forest?“. National Ocean Service. 26 октомври 2017. Посетено на 4 октомври 2023.
  3. „Ghost forests are eerie evidence of rising seas“. Grist.org. 18 септември 2016. Посетено на 4 октомври 2023.
  4. „How Rising Seas Are Killing Southern U.S. Woodlands - Yale E360“. e360.yale.edu. Посетено на 4 октомври 2023.
  5. „Living with Earthquakes in the Pacific Northwest“. doi:10.1029/2001JB001710. Посетено на 4 октомври 2023. Наводот journal бара |journal= (help)
  6. „uplift | geology“. Britannica.com. Посетено на 4 октомври 2023.
  7. 7,0 7,1 „Cascadia subduction zone: Tectonic Earthquakes of the Pacific Northwest“. Earthjay.com. Посетено на 4 октомври 2023.
  8. Schulz, Kathryn (13 јули 2015). „The Earthquake That Will Devastate the Pacific Northwest“. The New Yorker (англиски). ISSN 0028-792X.
  9. „Ghost Forests, Global Warming, and the Mountain Pine Beetle“. 2001.
  10. „Sunken Forests of Rye“. Atlas Obscura (англиски). Посетено на 4 октомври 2023.
  11. Clark, Joshua. „Storm allows rare view of 'sunken forest' in Rye“. Portsmouth Herald (англиски). Посетено на 4 октомври 2023.