Московски Кремљ (Фабержеово јајце)
Московски Кремљ – едно од серијата од 52 украсни велигденски јајца изработени под надзор на рускиот јувелир Петар Карл Фаберже. Јајцето било изработено во 1906 година за последниот руски цар, Николај II. Царот Николај ѝ го подарил јајцето на својата сопруга, Александра Фјодоровна, на Велигден 1906 година. Јајцето се наоѓа во музејот „Палата на оружјето“ во Москва, во Русија, и е едно од неколкуте Фабержеови јајца кои никогаш не ја напуштиле Русија.[1]
Московски Кремљ | |
---|---|
Јајцето „Московски Кремљ“ | |
Година на изработка | 1906 |
Нарачател | Николај II, поклон за Александра Фјодоровна |
Моментален сопственик | |
Индивидуална или институционална | Палата на оружјето |
Дизајн и материјали | |
Употребен материјал | оникс, злато, емајл, стакло |
Висина | 36,1 cm |
Ширина | 18,5 cm |
Изненадување | музичка кутија |
Опис
уредиЈајцето „Московски Кремљ“ е далеку најголемото Фабержеово јаце[1] и е инспирирано од архитектурата на Катедралата на Успението во Москва. Во оваа катедрала биле крунисани сите руски цареви, вклучувајќи го и Николај II. Куполата на катедралата (изработена во опалесцентен стаклен емајл) се вади и може да се види извонредно изработената внатрешност на катедралата. Нејзините килими, малецкавите емајлирани икони и голем олтар може да се видат низ четири трокрилни прозорци, надвишени со златна купола, странични кружни кули. На кулите се прикажани грбовите на Руската Империја и на Москва.[2]
Изненадување
уредиСурпризот (изненадувањето) во ова јувелирско велигденско јајце е музиката. Во основата јајцето содржи златна музичка кутија која свири две херувимски песни, традиционални велигденски песни, кои почнуваат да свират кога механизмот на навивање ќе се навие со златниот клуч. Една од песните е „Иже херувими“, омилената песна на Николај II.[2].
Историја
уредиОва јајце било направено во чест на враќањето во Москва на царскиот пар Николај II и Александра Фјодоровна во 1903 година. Тие не го сакале многу враќањето во Москва со оглед на немилите настани кои се случиле за време на крунисувањето на Николај II, кога во стампедо погинале многу луѓе. Било планирано јајцето да биде готово за подарок за Велигден 1904 година, но заради Руско-јапонската војна (1904-1905), било подарено во 1906 година. Јајцето се чувало во дневната соба на Александра Фјодоровна во Александровиот дворец.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Коллекция яиц Фаберже“. «Московский Кремль», 1906. equal.lv. Архивирано од изворникот на 2014-07-14.
- ↑ 2,0 2,1 Велигденско јајце „Московски Кремљ“