Морган Фриман
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Морган Фриман (англиски: Morgan Freeman; р. 1 јуни 1937) — американски глумец, режисер, воздухопловец и раскажувач. Тој е номиниран за Оскар за неговите изведби во филмовите Street Smart, Driving Missy Daisy, The Shawshank Redemption и Invictius и истиот го добил во 2005тата година за изведбата во филмот ,,Девојка од милион долари”. Исто така има добиено Златен Глобус и Награда од Здружението на филмски глумци. Тој се има појавено во голем број популарни филмови меѓу кои и во Unforgiven, Glory, Седум, Deep Impact, The Sum of All Fears, Семоќниот Брус, Batman Begins, March of the Penguins, The Bucket List, Wanted, The Dark Knight и RED.
Морган Фриман | |
---|---|
Freeman in 2006. | |
Роден(а) | 1 јуни 1937 Мемфис, Тенеси, САД |
Алма матер | Државен универзитет „Џексон“ |
Занимање | глумец, режизер, раскажувач |
Активен период | 1964– |
Сопружник | Жанет Адер Бредшо (1967–79) Мирна Коли-Ли (1984–2010) |
Младост
уредиМорган Фриман е роден во Мемфис во сојузната држава Тенеси во семејството на Мајме Една која била учителка и Морган Потерфилд Фриман кој бил бербер и умрел на 27 арпил 1961 година од цироза. Тој има 3 постари браќа и сестри. Како бебе тој бил испратен кај неговата баба (мајка на неговиот татко) во Чарлстон, Мисисипи. Неговото семејство често се селело за време на неговото детство живеејќи во градовите Гринвуд, Мисисипи(Greenwood, Mississippi), Гери-Индијана (Gary, Indiana) и конечно во Чикаго, Илиноис (Chicago, Illinois). Тој го имал неговото глумечко деби на девет годишна возраст глумејќи ја главната улога во една школска претстава. Подоцна се школувал во средното училиште Broad Street кое подоцна било именувано Threadgill и станало основно училиште . На дванаесетгодишна возраст тој победил на државен натпревар за драма и додека сè уште бил во средното училиште ,,Broad Street” настапувал на радио емисија во Нешвил, Тенеси (Nashville, Tennessee). Во 1995 година матурирал во средното училиште Broad School но ја одбил делумната стипендија за драма од Jackson државниот универзитетот Џексон и ја прифатил работата како механичар во воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави. Тој се преселил во Лос Анџелес во раните шеесетти години на минатиот век како службеник за превод во школата за високо образование во Лос Анџелес. За време на овој период исто така живеел и во Њујорк работејќи како танчер на светскиот саем во 1964 година и во Сан Франциско каде што бил член на музичката театарска група Opera Ring. Морган Фриман исто така глумел и во турнејски театарски ансамбл на кој ја изведувал претставата The Royal Hunt of the Sun, а исто така се појавил и во филмот The Pаwnbroker во 1965 година. Го остварил своето деби надвор од Бродвеј во 1967 година една година пред да дебитира на сцената на Бродвеј во 1968 година во црната верзија на Hello Dolly во која исто така глумеле Перл Бејли (Pearl Bailey) и Каб Каловеј (Cab Calloway).
Кариера
уредиГлумечка кариера
уредиИако неговото прво кредитирано филмско појавување било во 1971 година во филмот Who Says I Can’t Ride a Rainbow? , тој прво станал познат во американските медиуми преку улогите во сапунската опера Another World и детската серија The Electric Company емитуванa од јавниот сервис за емитување (PBS), подоцна изјавувајќи дека требал порано да ги напушти истите улоги. На почетокот на раните осумдесетти години на минатиот век тој почнал на глуми истакнати споредни улоги во многу долгометражни филмови стекнувајќи репутација на мудри, татковски ликови. Како што се стекнувал со слава почнал да ги добива големите улоги во 1989 година како ,,возачот Хоук (Hoke)” во филмот Driving Missy Daisy и улогата на ,,наредник мајор Равлинс (Rawlins)” во филмот Glory. Во 1994 година ја глуми улогата на осуденикот Ред во акламираниот филм The Shawshank Redemption. Истата година бил дел од жирито на 44-тиот Интернационален Берлински Филмски Фестивал. Исто така има глумено и во филмовите како што се Робин Худ : Крал на крадците, Unforgiven, Seven и Deep Impact. Во 1997 година заедно со Лори МекКрери (Lori McCreary) ја основал филмската продукција Revelations Entertainment и сестринската компнија за онлајн дистрибуција ClickStar. Фриман исто така бил домаќин на каналот Our Space на компанијата ClickStar со специјални изработени филмски клипови во кој ја споделувал својата љубов кон науката особено за истражувања во вселената и аеронаутиката. По три филмски претходни номинации како номинација за споредна улога во филмот Street Smart, номинација за главна улога во филмот Driving Miss Daisy и номинација за улогата во филмот the Shawshank Redemption конечно ја добил наградата за Оскар за споредна улога за неговата изведба во филмот ,,Девојка од милион долари” на 77-мите награди за Оскар. Тој е познат по својот карактеристичен глас со што често се појавува и во улога на раскажувач. Само во 2005 година се појавува како раскажувач во два филма, War of The Worlds и докуметарниот филм кој е добитник на оскар March of the Penguins.
Фриман се појавува во улогата на Бог во филмот ,,Семоќниот Брус” и неговото продолжение ,,Семоќниот Еван” како и во улогата на Луциус Фокс во критикуваниот комерцијален успех, филмот ,,Бетмен почнува” како и неговото продолжение во 2008 година ,,Темниот витез”. Исто така се појавил и во филмот на Роб Рејнер (Rob Reiner) во 2007 година ,,The Bucket List” заедно со Џек Николсон (Jack Nicholson). Заедно со Кристофер Ваелкен (Christopher Walken) и Вилијам Х. Мејси (William H. Macy) глумел во филмот ,,The Maiden Heist” кој бил дирекно пуштен во видео продажба поради финансиските проблеми на компанијата за дистрибуирање. Во 2008 година Фриман се вратил на Бродвеј за да соработува со Френцис МекДорманд (Frances McDormand ) и Питер Галахер (Peter Gallagher) за ограничена обврска во претставата на Клифорд Одест (Clifford Odets), ,,The Country Girl” режирана од Мајк Николс (Mike Nichols). Исто така имал во план да направи филм заснован на животот на Нелсон Mендела (Nelson Mandela ). На почеток се обидувал да ја добие автобиографијата на Мендела именувана како Long Walk to Freedom ,,Долгиот пат до слободата” која била адаптирана во завршенo сценарио, но не била финализирана. Во 2007 година ги откупил филмските права за сè уште не издадената книга од Џон Карлин (John Carlin) која била објавена во 2008 година именувана како “Играјќи со непријателот: Нелсон Мендела и Играта која направи нација”. Клинт Иствуд го режирал биографскиот филм за Нелсон Мендела именуван како Invictus во кој Морган Фриман ја играл улогата на Мендела додека Мет Дејмонд ја играл улогата на капитен на рагби тим Франсоа Пајнар (Francois Pienaar). Во октомври 2010 година Фриман одиграл улога заедно со Брус Вилис (Bruce Willis) во филмот Red. Последниот проект на Фриман е филмот режиран од Дени Де Вито (Danny DeVito ), Шарлот Дојл (Charlotte Doyle) во кој ќе глуми и ирскиот глумец Пирс Броснан (Pierce Brosnan) и е закажан за снимање на почетокот на 2012 година.
Други ангажмани
уредиВо јули 2009 година Фриман бил еден од презентерите на концертот 46664 (славејќи го роденденот на Нелсон Мендела) во салата на ,,Radio City Music Hall” во Њујорк. Фриман бил првиот американец кој забележал резултат на екстремната 19та голф дупка во одморалиштето Legend Golf & Safari Resort.
На 65 годишна возраст тој се здобил со приватна лиценца за пилот. Тој поседува или поседувал три приватни летала вклучувајќи и Cessna Citation 501 млазен авион и Cessna 414 авион со два мотора. Во 2007 година купил приватен млазен авион за долги релации од типот Emivest SJ30 кој му бил доставен во декември 2009 година. Има дозвола да ги вози сите од споменатите авиони. На 4 јануари 2010 година Фриман го заменил Валтер Крнкајт (Walter Cronkite) како воведен глас во вечерните вести на продукциската куќа CBS во кој главен водител е Кејти Курик (Katie Couric). CBS ја означува потребата за доследност во најавувањата на обичните вести како и за специјалните извештаи како главна причина за промената. Од 2010 година тој е домаќин и раскажувач раскажувач на телевизиското шоу Through The Wormhole на телевизиската куќа Discovery Channel. Исто така ќе има и улога на првата песна во вториот албум на пејачот B.o.B (Боби Реј Симонс Помладиот) насловен како Strange Slouds. Во септември 2011 година Фриман ја играл улогата на судијата Давид Бојс (David Boies), заедно со Џон Литгоу (John Lithgow) во Бродвеј дебито на драмата на Дустин Ленс Блек (Dustin Lance Black') насловена како “8” – театарска интерпретација на федералното судење кое ја поништи забраната од предлогот 8 на Калифорнија за брак од ист пол. Изведбата била одржана во театарот Јуџин Онил (Eugene O'Neill) во Њујорк за собирање на пари за Американската фондација за еднакви права.
Личен живот
уредиСемејство
уредиФриман бил оженет со Џенет Адаир Бредшо (Jeanette Adair Bradshaw) од 22 октомври 1967 година па сè до 1979 година. Потоа се оженил со Мирна Коли-Ли (Myrna Colley-Lee) на 16 јуни 1984 годниа. Се разделиле во декември 2007 година. Адвокатот на Фриман кој е исто така и негов бизнис партнет, Бил Лукет (Bill Luckett), во август 2008 година изјавил дека Морган Фриман и неговата жена се во процес на развод. На 15 ти септември 2010 година нивниот развод бил во завршна фаза во Мисисипи. Ја посвоил ќерката од својата прва жена и заедно имале и четврто дете. Во 2008 година во телевизиската серија ,,African American Lives 2” е откриено дека пра пра предците на Фриман биле робови кои мигрирале од Северна Каролина во Мисисипи. Фриман открил дека неговиот пра пра дедо кој бил белец живеел заедно и бил закопан покрај неговата афроамериканска пра пра баба кои не можеле легално да се венчаат во тоа време во јужните делови на САД.
Имот
уредиМорган Фриман живее во Чарлстон, Мисисипи (Charleston, Mississippi) и во градот Њујорк. Тој е косопственик и управува со Мадиди (Madidi), добар вечерен ресторан како и со блуз клубот Ground Zero. Двата локали се наоѓаат во Кларксдејл, Мисисипи (Clarksdale, Mississippi)
Сообраќајка
уредиМорган Фриман бил поврден во автомобилска сообраќајна несреќа близу Рулвил, Мисисипи (Ruleville, Mississippi,) ноќта на 3 август 2008 година. Возилото со кое патувал, Нисан Максима (Nissan Maxima) произведено во 1997 година излетало од патот и се превртело неколкупати. Тој заедно со сопатничката Демарис Мејер (Demaris Meyer) биле спасени од возилото употребувајќи ја хидрауличната направа ,,вилици на животот”(Jaws of Life). Фриман бил пренесен со медицински хеликоптер во Регионалниот медицински центар во градот Мемфис (Memphis). Полицијата не сметала дека причина за несреќата бил алкохолот. Фриман бил присебен по несреќата при што направил шега дека фоторепортер го сликал на местото на несреќата. При несреќата го скршил неговото рамо, рака и лакт и имал операција на 5 август 2008 година. Докторите го оперилале четири часа со цел да го поправат оштетувањето на нервите во неговото рамо и рака. Во емисијата Пирс Морган вечерва (Piers Morgan Tonight) која се емитува на телевизијата Си Ен Ен (CNN), Фриман изјавил дека е леворак но не може да ги мрда прстите на неговата лева рака. Тој носи ракавица која е под компресија со цел да не му се згрутчи крвта поради тоа што не може да ги мрда прстите. Неговиот публицист најавил дека се очекува негово целосно заздравување. Мејер неговата сопатничка го тужела за небрежност тврдејќи дека пиел алкохол истата вечер во која се случила несреќата.
Верувања
уредиНа интервју на телевизиската куќа Си Ен Ен (CNN) Фриман го одбил тврдењето дека е ,,човек на Бога” , кажувајќи дека ,,прашањето на вербата е се она во што всушност верувате. Голем дел од тоа што се дискутира во науката го прифаќаме врз основа на верба, поставуваме теорија и сè додека таа теорија не е побиена, ние веруваме дека таа е точна".
Активизам
уредиДобротворна работа
уредиВо 2004 година, Морган Фриман заедно со други луѓе, го основал Фондот за помош на Гренада со цел да им помогне на луѓето кои биле погодени од ураганот „Иван“. Фондот за помош на Гренада е организација која се залага да обезбеди ресурси за луѓето кои живеат во пределите погодени од ураган или големи бури. Фриман работел и како раскажувач на мали клипови за глобални организации, како што е „Една земја“ чии цели вклучуваат зголемување на свеста за природните непогоди. Исто така, тој бил раскажувач во клипот „Зошто сме тука“ кој може да се види на официјалната интернет-страница на „Една Земја“. Покрај тоа, тој има донирано пари за хиподромот во градот Старквил, (Starkville), кој е дел од Државниот универзитет на Мисисипи.
Фриман јавно го критикува прославувањето на „Месецот на црнечката историја“ и не учествува во таквите настани, кажувајќи: „Не сакам месец на црнечката историја. Црнечката историја е и американска историја“. Тој кажува дека единствен начин да се сопре расизмот е да се престане да се зборува за тоа и забележува дека не постои „Месец на белата историја“. На едно интервју во емисијата „60 минути со Мајк Валac“ изјавил: „Ќе престанам да те викам бел човек и ќе те замолам да престанеш да ме викаш црн човек“. Фриман го поддржувал предлогот, кој пропаднал, за измена на државното знаме на Мисисипи кое го содржи борбеното знаме на Конфедерацијата.
Политика
уредиMорган Фриман ја поддржувал кандидатурата на претседатлеските избори во 2008 година на Барак Обама иако изјавувал дека нема да се придружи на кампањата. Тој раскажувал на настанот ,,Халата на претседателите” заедно со Барак Обама чија фигура била додадена во изложбата. ,,Халата на претседателите” била повторно отворена на 4 јули 2009 година во Дизни Ворлд ( Walt Disney World Resort ) во Орландо, Флорида. Фриман му се придружил на претседателот на Соединетите Американски Држави, Бил Клинтон, претседателот на комитетот за обложување на Соединетите Американски Држави, Сунил Џулати (Sunil Gulati) и играчот од средниот ред на екипата USMNT, Лендон Донован ( Landon Donovan ) во средата на 1 декември 2010 година во Цирих за финалната презентација на комитетот за обложување на Соединетите Американски Држави, до ФИФА за светското првенство во фудбал во 2022 година. Морган Фриман отворено покажал негодување во септември 2011 година во емисијата ,,Пирс Морган вечерва” (Piers Morgan Tonight) која се емитува на телевизијата Си Ен Ен (CNN), кога тој го обвинил движењето ,,Tee Party” за расизам. Тој изјавил дека движењето ,,Tee Party” користи ,,политика, јавно искажана, која треба да направи сè со цел Обама да добие само еден мандат. Што подразбира тоа, што означува тоа? По ѓаволите со земјата. Ќе направиме сè што е потребно овој црн човек да го извадиме од тука”. Пирс Морган возврати со следната изјава: ,,Но дали тоа значи дека е расизам?.. Нели ви го кажале тоа за кој било демократ? “. Фриман возвратил ,,Тоа е расистички.... (подемот со движењето,,Tee Party”) ја покажува слабата и мрачната страна на Америка. Ние треба да бидеме подобри од тоа. И навистина сме. Затоа сите луѓе беа во солзи кога Обама беше избран за претседател. Погледнете што сме – тоа е Америка. Потоа тоа се смени, бидејќи овие луѓе се појавија од никаде, исто како кога допираш каллива вода”. Фриман беше критикуван за неговите коментари, црниот републикански кандидат Херман Кејн изјави дека коментарите биле ограничени како и тоа дека повеќето од тие кои го критикуваат движењето ,,Tee Party” воопшто не ни биле на состанок на тоа движење. И глумецот Адам Болдвин изјави ,,Проблемот е во содржината на карактерот и политиката на Обама а не од која раса припаѓа тој”.
Почести
уредиНа 28 октомври 2006 година, Морган Фриман бил одликуван на првото додоелување на наградите за најдобрите во Џексон, Мисисипи (Jackson, Mississippi), кога му било дадено признание за животно дело за неговата работа на големото платно. На 13 мај 2006 година, тој добил почесна диплома од државниот универзитет „Делта“ за доктор на науки во областа на уметноста и литературата. Во 2008 година, во емсијата „Американско-африкански живот 2“ била опишана семејната историја на Морган Фриман при што тестот на неговата ДНК покажал дека е потомец на народите Сонгаи и Туарези, кои потекнуваат од државата Нигер.
Филмографија
уредиФилм
уредиГодина | Наслов | Улога | Забелешки | |
---|---|---|---|---|
1964 | Заложувач (The Pawnbroker) | Човек на улица | Ненаведена улога | |
1966 | Човекот наречен Адам (A Man Called Adam) | непозната | Ненаведена улога | |
1968 | Каде беше ти кога се изгаснаа светлата?(Where Were You When the Lights Went Out?) | Grand Central Commuter | Ненаведена улога | |
1980 | (Брубакер) Brubaker | Волтер(Walter) | ||
1981 | Сведок (Eyewitness) | Заменикот Блек (Lieutenant Black) | ||
1984 | Учители(Teachers) | Ал Луис (Al Lewis) | ||
1984 | Хари и синот(Harry & Son) | Симановски (Siemanowski) | ||
1985 | Мари (Marie) | Чарлс Траугбер (Charles Traughber) | ||
1985 | Тоа беше тогаш.. Ова е сега (That Was Then... This Is Now) | Чарли Вудс (Charlie Woods) | ||
1987 | (Street Smart) | Брзиот Блек (Fast Black) | - Независна награда „Спирит“ за најдобра машка споредна улога | |
1988 | Чист и трезен (Clean and Sober) | Крег (Craig) | ||
1989 | Слава (Glory) | Наредник Мајор Џон Ролинс(Sgt. Maj. John Rawlins) | -Номиниран од Чикашкото здружение на филмски критичари за најдобра машка споредна улога. | |
1989 | Возејќи ја госпоѓица Дејзи (Driving Miss Daisy) | Хоук Колбурн (Hoke Colburn) | -Четириесеттиот Берлински филмски фестивал- Сребрена Мечка за најдобра заедничка изведба(заедно до Џесика Тенди-Jessica Tandy)
-Награда Златен Глобус за најдобар глумец-Мјузикл или комедија -Награда од здружението од Канзас на филмски критичари за најдобар глумец. -Награда од националниот одбор на критичари за најдобар глумец. -Номинација за Оскар за најдобар глумец | |
1989 | Потпри се на мене (Lean on Me) | Директорот Џо Кларк (Principal Joe Clark) | ||
1989 | Згоодниот Џони (Johnny Handsome) | Наредник А.З Дроунс (Lt. A.Z. Drones) | ||
1990 | The Bonfire of the Vanities | Судијата Леонард Вајт(Judge Leonard White) | ||
1990 | Граѓанска војна (The Civil War) | Гласот на Фредерик Даглас (Voice of Frederick Douglass) | ||
1991 | Робин Худ: Принцот на крадците (Robin Hood: Prince of Thieves) | Азим (Azeem) | Номинација на МТВ наградите за филм за најдобро дуо (заедно со Кевин Костнер) | |
1992 | Непростено (Unforgiven) | Нед Логан (Ned Logan) | ||
1992 | The Power of One | Грин Плит (Geel Piet) | ||
1993 | Bopha! | Неговото режисерско деби | ||
1994 | Бегство од Шошенк (The Shawshank Redemption) | Елис Бојд „Ред“ Рединг, раскажувач (Ellis Boyd "Red" Redding, Narrator) |
-Награда ,,Chlotrudis” за најдобар глумец (поврзан со Валанс Шон (Wallace Shawn) за Vanya on 42nd Street) -Номинација за Оскар за најдобар глумец -Номинација од Чикашкото здружение на филмски критичари за најдобра машка споредна улога. -Номинација за Златен Глобус за најдобар глумец-Драма. -Номинација за награда од здружението на филмски глумци за најдобар глумец во главна улога | |
1995 | Смртоносен вирус (Outbreak) | Бригаден генерал Били Форд (Brig. Gen. Billy Ford) | ||
1995 | Седум (Seven) | Детективот поручник Вилијам Сомерсет (Detective Lt. William Somerset) | -Empire награда за најдобар глумец.
-Награда од Лондонското здружение на филмски критичари за најдобар глумец на годината. -Номинација од Чикашкото здружение на филмски критичари за најдобра машка улога. -Номинација на МТВ наградите за филм за најдобро дуо(заедно со Бред Пит) -Номинација за Saturn наградата за најдобар глумец. | |
1996 | Верижна реакција (Chain Reaction) | Пол Шенон (Paul Shannon) | ||
1996 | Мол фландерс (Moll Flanders) | Хибл (Hibble) | ||
1996 | Патување во вселената (Cosmic Voyage) | Раскажувач | ||
1997 | Пријателство (Amistad) | Теодор Џодсон (Theodore Joadson) | ||
1997 | Бакни ги девојките (Kiss The Girls) | Докторот Алекс Крос (Dr. Alex Cross) | ||
1997 | Долгиот пат до дома (The Long Way Home) | Раскажувач | ||
1998 | Длабок удар (Deep Impact) | Претседателот Том Бек (President Tom Beck) | ||
1998 | Тежок дожд (Hard Rain) | Џим (Jim) | ||
2000 | Медицинската сестра Бети (Nurse Betty) | Чарли Квин (Charlie Quinn) | -Номинација за наградите Satellite за најдобра машка споредна улога-Мјузикл или Комедија | |
2000 | Под сомнение (Under Suspicion) | Виктор Бензет (Victor Benezet) | ||
2001 | Along Came a Spider | Доктор Алекс Крос (Dr. Alex Cross) | ||
2002 | Збирот на сите стравови (The Sum of All Fears) | Директорот на централната разузнавачка служба на САД Вилијам Кабот ( DCI William Cabot) | ||
2002 | Злостор во високите кругови (High Crimes) | Чарли Гримс (Charlie Grimes) | ||
2003 | Семоќниот Брус (Bruce Almighty) | Бог (God) | ||
2003 | Фаќач на сонови(Dreamcatcher) | Абрахам Куртис ( Abraham Curtis) | ||
2003 | Неодговорност (Levity) | Свештеникот Мајлс Еванс (Pastor Miles Evans) | ||
2003 | Војна за дрога (Drug War) | Наредник Рединг (Lt. Redding) | ||
2004 | Девојка од милион долари (Million Dollar Baby) | Еди “ѓелезното парче”ДурписEddie "Scrap Iron" Dupris | -Награда за Оскар за најдобар глумец
-Италијанска онлајн филмска награда за најдобар спореден глумец. НААСП Награда за одлична изведба за споредна улога во кинематографијата -Награда од здружението на филмските глумци за инзворедна изведба од машки глумец во споредна улога. -Награда од здружението од Ванкувер на филмски критичари за најдобар глумец. -Номинација од сеопфатното здружение на филмски критичари за најдобра споредна улога.. -Номиниран за Награда Black Reel за најдобра споредна улога Номиниран – од страна на Здружението за критика Dallas-Fort Worth Film Critics за награда за најдобра споредна улога -Номинација за Златен Глобус за најдобра спореден улога од здружението на филмските глумци за -Номинација од здружението на филмските глумци за изворедна изведба на улогата во филм. | |
2004 | Гонењето на претседателот (The Hunting of the President) | Раскажувач | Ограничено издание | |
2004 | Големиот одскок (The Big Bounce) | Валтер Крувз (Walter Crewes) | ||
2005 | Незавршен живот (An Unfinished Life) | Мич Бредли (Mitch Bradley) | ||
2005 | Војна на световите (War of the Worlds) | Раскажувач | ||
2005 | Маршот на пингвините (March of the Penguins) | Раскажувач | ||
2005 | Бетмен почнува (Batman Begins) | Луциус Фокс (Lucius Fox) | ||
2005 | Несопирливиот (Unleashed) | Сем (Sam) | ||
2006 | Единицата Едисон (Edison Force) | Ешфорд (Ashford) | ||
2006 | Договорот (The Contract) | Френк Карден(Frank Carden) | ||
2006 | Среќниот број Cлевин (Lucky Number Slevin) | Главнот (The Boss) | ||
2006 | 10 предмети или помалку (10 Items or Less) | Самиот тој | ||
2007 | Еван семоќниот (Evan Almighty) | Бог (God) | ||
2007 | Гозба од љубов (Feast of Love) | Хери Стефенсон (Harry Stephenson) | ||
2007 | Исчезната (Gone, Baby, Gone) | Џек Дојл (Jack Doyle) | ||
2007 | Листа пред умирање (The Bucket List) | Картер Чејмберс (Carter Chambers) | Исто така и раскажувач | |
2008 | Баран (Wanted) | Слоун(Sloan) | ||
2008 | Љубовниот гуру (The Love Guru) | Раскажувач | ||
2008 | Темниот витез (The Dark Knight) | Луциус Фокс (Lucius Fox) | -Номинација од сеопфатното здружение на филмски критичари за најдобра изведба. | |
2009 | Матурска забава во Мисисипи ( Prom Night in Mississippi) | Самиот тој | Ограничено издание | |
2009 | Дебели како крадци (Thick as Thieves) | Кеитх Рипли (Keith Ripley) | ||
2009 | Првата кражба (The Maiden Heist) | Чарли (Charlie) | ||
2009 | Непобедливиот (Invictus) | Нелсон Мандела (Nelson Mandela) |
-НААСП Награда за извонреден глумец во кинематографијата -Награда на националниот одбор на критичари за најдобар глумец(Нерешено со Џорџ Клуни-George Clooney кој играл во филмот Горе во воздухот-Up in the Air) -Номинација за Оскар за најдобар глумец. -Номинација од сеопфатното здружение на филмски критичари за најдобар глумец. -Номиниран од страна на Здружението на филмски критичари Dallas-Fort Worth Film Critics за награда за најдобар глумец -Награда од Денверското здружение на филмски критичари за најдобар глумец. -Номинација за Златен Глобус за најдобар глумец-Драма -Награда од Хјустонското здружение на филмски критичари за најдобар глумец. -Номинација од здружението на филмските глумци за инзворедна изведба на машки глумец во водечка улога. -Номиниран од Здружението на филмски критичари St.Louis Gateway за најдобар глумец -Номинација од Вашингтонското здружение на филмски критичари за најдобар глумец. | |
2010 | Црвено (RED) | Џо (Joe) | ||
2011 | Роден за во дивината 3Д(Born to Be Wild 3D) | Раскажувач | ||
2011 | Конан варваринот(Conan the Barbarian) | Раскажувач | ||
2011 | Приказна за делфини(Dolphin Tale) | Доктор Камерон МекКарти(Dr. Cameron McCarthy) | ||
2012 | Подемот на темниот витез(The Dark Knight Rises) | Луциус Фокс(Lucius Fox) | Пост продукција | |
2012 | Вистинската исповед на Шарлот Дојл(The True Confessions of Charlotte Doyle) | Захариа(Zachariah) | Во продукција | |
2012 | Лето кај кучето на Дејв(Summer at Dog Dave's) | Пред продукција | ||
2013 | Заборав(Oblivion) | Се снима |
Телевизија
уредиГодина | Наслов | Улога | Забелешки |
---|---|---|---|
1971–1977 | Електричната компанија(The Electric Company) | Лесен Читач, Диџеј Мел Моундс,Дракула,Винсент вампирот од зеленчук(Easy Reader, DJ Mel Mounds, Dracula, Vincent the Vegetable Vampire) | Телевизиска серија |
1978 | Грмењето на громот,слушни го мојот плач(Roll of Thunder, Hear My Cry) | Чичко Хамер(Uncle Hammer) | Направена за телевизија |
1981 | Надежта на Рајан(Ryan's Hope) | Водачот Марфо(Cicero Murphy) | ТВ серија(различни епизоди) |
1981 | Приказната на Марва Колинс(The Marva Collins Story) | Кларенс Колинс(Clarence Collins) | Направена за телевизија |
1982–1984 | Друг свет(Another World) | Рој Брингам(Roy Bingham) | ТВ серија(различни епизоди) |
1985 | Зона на самракот(The Twilight Zone) | Тони(Tony) | ТВ серија (епизодата “Изборот на дилерот") |
1986 | Место за одмор(Resting Place) | Лутер Џонсон(Luther Johnson) | Направена за телевизија |
1987 | Борба за животот(Fight For Life) | Доктор Шерард(Dr. Sherard) | Направена за телевизија |
2008 | Smithsonian Channel's Sound Revolution | Самиот тој(домаќин) | Телевизиска серија,домаќин на серијата |
2008 | Stephen Fry in America | Самиот тој | ТВ серија, се појавува во 3 епизоди |
2010 | Извештајот на Колберт(The Colbert Report) | Самиот тој | Интервју |
2010 | Дневното шоу(The Daily Show) | Самиот тој | Интервју |
2010 | Преку црвоточината со Морган Фриман(Through the Wormhole with Morgan Freeman) | Самиот тој(домаќин) | ТВ серија,домаќин на серијата |
2010 | Живо во сабота навечер(Saturday Night Live) | Самиот тој | What Up With That |
2011 | Љубопитност (Curiosity) | сам себе | Во епизодата (Има ли паралелен универзум?) |
Надворешни врски
уреди„Морган Фриман“ на Ризницата ? |
- Морган Фриман на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Морган Фриман — Internet Broadway Database (англиски)
- Морган Фриман на Internet Off-Broadway Database
- Морган Фриман — AllMovie (англиски)
- Морган Фриман на Charlie Rose
- Morgan Freeman собрани вести и коментари на The New York Times
- Morgan Freeman collected news and commentary at The Guardian
- ClickStar headed by Morgan Freeman and Lori McCreary
- Revelations Entertainment Production company co-founded by Freeman
- A detailed biography of his history as an actor
- Morgan Freeman movies at Movie Information Архивирано на 28 август 2009 г.