Отвори го главното мени

Зетска бановина била провинција (бановина) во рамките на Кралството Југославија од 1929 до 1941 год. Во бановината спаѓала целата територија на денешна Црна Гора и делови од Централна Србија, Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина. Именувана е по реката Зета, а административен центар бил градот Цетиње.

Zetska banovina
Зетска бановина
Бановина на Кралство Југославија
1929–1941
 

 

 

Местоположба на Zetska banovina
Локација во Кралството Југославија
Главен град Цетиње
Историја
 -  Основана 3 октомври 1929
 -  Укината 17 април 1941
Површина
 -  1931 30.997 км2
Население
 -  1931 925.516 жит.
Густина 29,9 жит/км2
Денес во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Косово
Карта на југословенските бановини.

ГранициУреди

Според уставот на Кралството Југославија од 1931,

Зетската бановина на север се граничи со јужните граници на Приморската и Дринската бановина ... до крстопатот на границите на трите општини Драгачево, Жича и Студеница. Од тука и до државната граница со Албанија, границата на оваа бановина ги следи источните граници на општините Студеница, Дежева, Митровица, Дреница и Дрин, вклучувајќи ги овие општини. Потоа, до Јадранското Море, границата на Зетската бановина се совпаѓа со југословенско-албанската државна граница.

ИсторијаУреди

Во 1939, областите со етнички хрватски мнозинства во Зетската бановина од Которскиот Залив до Пелешац и Дубровник биле спојувани со новата Хрватска бановина.

Во 1941, силите на Оската во Втората светска војна ја окупирале Зетската бановина и ја делеле помеѓу Црна Гора и Албанија под италијанска окупација, Србија под германска окупација, и Усташка Хрватска. По втората Светска војна, регионот бил поделен меѓу социјалистичките републики Црна Гора, Босна, Србија и Хрватска во рамките на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.


НаводиУреди

ПоврзаноУреди