Моника Оспронг
Моника Оспронг ( 7 јануари 1969) е норвешка авторка и преведувач.[1]
Моника Оспронг Monica Aasprong | ||
Родена | 7 јануари 1969 Кристијансунд, Норвешка | |
---|---|---|
Националност | норвежанка | |
Занимање | поет, писател, преведувач |
Животопис
уредиМоника Оспронг е Норвешка поетеса која живее во Стокхолм.
2004-2010 посетувала настава на Forfattstudiet во Бё (коммуна, Телемарк). 2009 настава во Skrivarakademin во Стокхолм . 2004-2007 Лирикваннененс Редаксјонсрад. 2006 Народна гимназија . 2003-04 Фриа Семинариет и Литтерар Критик, кунтерар критик, кунгалв . 2003 Иницијатор и ко-уредник на Луј норденфјелдске литтературтидскрифт. 1999 -2001 Уредник за литература во Моргенбладет[2].
Оспронг го имала своето деби во 1997 година со романот „Помеѓу Алекс Гобулев и мене“.
Творештво
уредиДелото на норвешката поетеса Моника Оспронг се одликува со мноштво теми и експериментални форми, типографски елементи и синтеза со други уметнички форми. Таа често си игра со звуци, фрагменти од зборови и асоцијации. Зборовите се менуваат на речиси калеидоскопски начин налик на фуга. Понекогаш зборот се распаѓа и се дели на звуци, со што се враќа во најосновната форма. Ова понекогаш предизвикува синџири од издолжени самогласки кои речиси изгледаат како земени од кантаите на Бах[3].
Исто така во текстуален контекст таа настојува да го открие специфичниот збор , низ книги, инсталации и звучни инсталации. По завршувањето на Магистерски студии на Кралскиот Институт за Уметност во Стокхолм (2012-13) во нејзината поетска пракса ги открива границите на книгите и границите помеѓу визуелните и аудио уметностите. Таа била учесник и на Струшки вечери на поезијата[4].
Објавени дела
уреди- помеѓу Алекс Гобулев и мене (Tiden, 1997)[5].
- Пазарот на војници (N.W. Damm & Søn, 2006)
- Поетско дете (Cappelen Damm, 2010)
- Кружна химна (Витлеем / Ерусалим), (Cappelen Damm, 2013)
- Мнемозинска номенклатура I-IX (presentert ved utstillingen ‘Avskygninger’, Kristiansand kunsthall i 2018)
- Облиго. За формата и содржината (H/o/F 2019)
Преводи и осврти (Избор)
уреди- Медиленд, Стридсберг, Сара
- Факултетот за соништата, Сара Стридсберг
- Мила река, Сара Стридсберг
- Така, Томас Бернхард
- Огист Роден/Писмо за Сезан, Рајнер Марија Рилке
- Меланхолични соби, Карин Јоханисон
- Големо зло, Линда Бустрем Кнаусгор
Наводи
уреди- ↑ Monica Aasprong [мртва врска]
- ↑ Monica Aasprong
- ↑ „Monica Aasprong“. Архивирано од изворникот на 2022-01-17. Посетено на 2022-01-13.
- ↑ Моника Оспронг
- ↑ „Monica Aasprong“. Архивирано од изворникот на 2021-04-13. Посетено на 2022-01-13.