Момир Андоновски

македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ

Момир Андоновски (Маврово, Гостиварско, 1926 - Сремски фронт, Независна Држава Хрватска, 1945[1]) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2]

Момир Андоновски
Роден 1926 година
Маврово, Кралство СХС
Починал 1945 година
Сремски фронт, НДХ
Народност Македонец

Животопис

уреди

Основно училиште завршил во Маврово, а потоа како и другите мавровчани заминал на печалба. Во Маврово се вратил по пропаѓањето на кралска Југославија. За многу кратко време се вклучил во народноослободителното движење. Прво бил опфатен во првата младинска воспитна груnа во долното маало (Пеанчевци), а потоа станал и член на СКОЈ-евската гpyпa. Учествувал речиси во сите акции што ги преземала младинската и СКОЈ-евската организација. Учествувал во прибирање на оружје, облека, храна и други материјали, во одржување курирски врски, пренесување илегалци, чување стража и слично.[2]

 
Спомен плоча на загинатите мавровски партизани и цивилни лица, меѓу кои и Момир Андоновски.

Во летото 1944 година заминал во партизанските единици, а потоа со Првата бригада на Сремскиот фронт каде што храбро загинал. Како и во поранешните борби против балистите, така и во борбите на Сремскиот фронт, се докажал како храбар борец. Како активист и борец бил дисциплиниран, пожртвуван и храбар се до неговата смрт.[2]

Една улица во Гостивар е именувана по него.[3]

Наводи

уреди
  1. Синадиновски, Јаким; Груевски, Зоге (1976). Трите мавровски села. Скопје: Заедница на научните дејности. стр. 237.
  2. 2,0 2,1 2,2 Синадиновски, Јаким; Груевски, Зоге (1976). Трите мавровски села. Скопје: Заедница на научните дејности. стр. 254.
  3. „Архива“. time.mk. Посетено на 2022-12-08.