Модно творештво
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Модно творештво (моден дизајн) — применета уметност на дизајн и естетика или природна убавина на облеката и модните додатоци. Модниот дизајн е под влијание на културата и општествевиот однос и бил разновиден во однос на времето и местото. Модните творци работат на многу начини при дизајнирањето на облека и модни додатоци. Некои работат сами, а некои како дел од тим. Модните творци се обидуваат да ги задоволат желбите на потрошувачите за естетското дизајнирање на облеката, па поради потребното време да ја донесат облеката на пазарот, понекогаш од потрошувачите може да се очекува да го сменат вкусот за облека. Всушност, некои модни творци имаат углед кој им овозмозува да воведуваат нови модни трендови.
Модните творци се обидуваат да дизајнираат облека која е едноставна и естетски привлечна. Мора да имаат предвид кој ќе ја носи облеката и пригодата во која ќе се носи таа облека. Модните творци имаат широк избор и комбинации на материјали со кои работат и широк избор на бои, модели и стилови. Сепак, дел од секојдневната облека нема голем избор на вообичаени стилови. Обично се бара несекојдневна облека за специјални пригоди како, на пример вечерна облека или облека за забави. Дел од облеката се прави специјално за одредени личности како што е случај со високата мода или конфекциската облека. Денес, голем дел од облеката е создадена за масовниот пазар, особено неформалната и секојдневната облека.
Структура
уредиМодните творци можат да работат на многу начини. Можат редовно да работат за една модна компанија, подобро познати како "внатрешни творци" коишто ги поседуваат творбите. Можат да работат сами или како дел од екипа. Независните дизајнери работат за себе, продавајќи ги своите дизајни на модните куќи, дирекно во продавници или на производителите на облека. Облеката го носи заштитниот знак на купувачот. Некои модни творци ги продаваат своите дизајни под заштитно име кое тие сами си го создаваат. Дел од нив се само вработени и дизајнираат облека за посебни клиенти. Други пак, снабдуваат специјални продавници или стокови куќи од високата мода. Овие дизајнери создаваат оригинална облека, исто како тие што ги следат веќе поставените модни трендови. Меѓутоа, повеќето модни творци работат за производителите на облека, создајќи модни дизајни за мажи, жени и деца за масовниот пазар. Бројни дизајнерски брендови кои имаат "име" како Келвин Клајн, Гучи или Шанел се дизајнирани од тим на посебни дизајнери под раководство на моден директор.
Дизајнирање на колекција
уредиМодна колекција е кога дизајнерите ги вклопуваат сите сезоните заедно, со цел да ги прикажат свиоте идеји на нови трендови за изборот на скапа облека, како и изборот за масовниот пазар. Се зема предвид дека творбите за кратко време стануваат немодерни, обично за една до две сезони. Сезоната е дефинирана како есен / зима или како пролет / лето.
Дизајнирање на облека
уредиМодните творци работат на различни начини. Некои прават скици на хартија, додека други прават дипли на ткаенината во форма на облека. Кога дизајнерот е целосно задоволен од изгледот на штофот (или муслин), тој / таа се консултира со професионален изработувач на шеми кој ја привршува работната верзија на дизајнот. Работата на изработувачот на шеми е многу прецизна и макотрпна. Изгледот на готовата облека зависи од прецизната изработка. На крај, примерокот од облеката се крои и се испробува на модел.
Историја
уредиСе смета дека модниот дизајн започнал во 19 век со Чарлс Фредерик Ворт кој бил првиот дизајнер со своја сопствена етикета сошиена на облеката што ја создал. Пред поранешниот трговец со текстил да ја основа неговата maison couture ( модна куќа ) во Париз, дизајнирањето и создавањето на облека било обработувано од голем број на напознати шивачки. Високата мода потекнувала од онаа облека што била носена во кралските судови. Со успехот кој го постигнал Ворт, тој имал способност да им диктира на своите потрошувачи што да носат, наместо да го следат сопствениот пример како што претходно правеле изработувачите на облека. Поимот couturier ( моден творец ) всушност бил првиот поим кој ги опишувал дизајнерите. Само облеката што била направена после 1858 година може да се смета како моден дизајн, додека сите делови од облеката од друг период се проучувани од експертите како носии. Во текот на 1858 година многу модни куќи почнале да најмуваат уметници за да ги скицираат и бојат дизајните на облеката. Цртежите биле покажувани на клиентите, што било многу поевтино отколку да се произведе вистинска облека во работилница. Доколку на клиентот му се допадне дизајнот, дизајнерите го подготвувале и на тој начин модната куќа заработувала од облеката. Од овде произлегува традицијата на дизајнерите да прават скица на облеката, наместо да прикажуваат готова облека на модели на своите купувачи, и како разултат на тоа започнала економијата во модата.
Видови на мода
уредиОблеката направена од изработувачите на облека се дели на три главни категории, иако истите можат да бидат поделени на дополнителни, специфични категории.
Висока мода
уредиСè до 1950 година, модерната облека главно била дизајнирана и изработена по мерка за високата модa (haute couture) и секој дел од облеката бил направен за посебен клиент. Облеката била направена по нарачка на посебен купувач и обично била направена со висок квалитет, скапа ткаенина, секој детал и изработка биле шиени со огромно внимание, честопати се користеле долготрајни техники и рачна изработка. Цената на матерјалите и потребното време за изработка се приоритетни за изгледот и формата на облеката.
Конфекциска облека
уредиКонфекциската облека е вкрстување помеѓу високата мода и масовниот пазар. Оваа облека не е направена за посебни купувачи, меѓутоа се обрнува големо внимание на изборот на матерјалите. Облеката е направена во мали количини за да гарантира ексклузивност, што значи дека е прилично скапа. Обично колекциите на конфекциската облека ги презентираат модните куќи секоја сезона во периодот познат како Модна недела. Модната надела се одржува во одреден град и се случува двапати во годината.
Масовен пазар
уредиМомантално модната индустрија се потпира на продажбата на масовниот пазар. Масовниот пазар на потрошувачите им нуди голем избор на конфекциска облека во големи колиЧини и стандардни величини. Евтините матерјали кои се креативно искористени даваат пристап до модата. Дизајнерите на масовниот пазар обично ги приспособуваат трендовите поставени од познатите имиња во модата. Обично чекаат да дојде сезоната за да се осигураат дали стилот ќе стане популарен, пред да ја произведат сопствената верзија на оригиналниот изглед. Со цел да се заштедат пари и време се користат поевтини матерјали и поедноставни техники за изработка кои лесно можат да се направат со машина за шиење. Поради тоа, готовиот производ може да се продаде многу поевтино. Постои еден вид на дизајн наречен "кич”, по потекло од германскиот збор ”kitchen”, што значи "грдо" или "неестетски привлечно". Кичот може да се однесува и на "носење или покажување на нешто што не е повеќе во мода". Честопати, панталоните со висок струк кои се носеле во осумдесеттите години се сметаат како кич во модното изразување.
Приход
уредиСредна годишна заработувачка на платените модни творци била 61 160 долари во мај 2008 година, 50 проценти од нив заработиле помеѓу 42 150 и 87 120 долари. Најмалку десет проценти од нив заработиле помалку од 32 150 долари, а десет проценти заработиле повеќе од 124 780 долари. Средна годишна заработувачка била 52 860 долари ( 28 340 фунти ) од облека, добра и прибори за шиење. Модната индустрија вработува најголем број на модни творци.
Модно образование
уреди, 2007]]
Постојат голем број на добро познати уметнички училишта и училишта за дизајн низ светот кои нудат диплома за моден творец. Најугледните училишта за дизајн се Национален Институт за мода и технологија - Индија, Моден Институт за дизајн и реклама, Моден Институт за технологија, Европски Институт за дизајн, Институт Марангони, Централен Колеџ за уметност и дизајн Св. Мартинс, Кингстон Универзитет - Лондон, Модна Федерација ПАРИЗ, Европска Модна Акредитација, Савана Колеџ за уметност и дизајн, Институтот Прат, Колеџ за мода Лондон, Универзитет Вестминстер во Лондон, Национален Институт за модна технологија во Индија, Модна академија Антверпен во Белгија, Ново училиште за дизајн - Парсонс во Њуjорк, Политехнико Милано, Институт за Уметничко училиште Чикаго, Колеџ Колумбија Чикаго, Национален Колеџ за Уметности ( НКУ ) во Пакистан, Универзитетот Шечен, Универзитет РМИТ во Мелбурн, Католички Универзитет Фу Жен во Тајван и Рафлс Дизајн во поголемиот дел на Азија. Единствениот Универзитет од Ајви Лигата кој има студентска програма за моден дизајн е Универзитетот Корнел во Итака, Њуjорк. Програмата ја нуди Одделот за наука за текстил и Дизајн на облека. Универзитетот Корнел исто така нуди програма за студенти за дизајн на облека во Соединетите Американски Држави. Програмата е наменета да упати на потребите на академијата, индустријата и истраувањето, замајќи го во обѕир дизајнот на облеката како применета наука што го опфаќа дизајнот, технологијата, физичките науки, хуманитарните и општествените науки, со цел да ги задоволи човечките потреби за облека.
Области на модниот дизајн
уредиПостојат редовни купувачи и е добро познато во трговијата и во јавноста) може да одлу~чи да се развие во нова област. Доколку фирмата создаде име на облека што веќе се произведува, се овозможува поголема продажба на новата линија. Најбезбедно за компанијата е да се развива во област слична на онаа што веќе ја знае. На пример, дизајнер на спортска облека за жени може да го развие производството во спортска облека за мажи.
Во табелата долу се прикажани областите во кои дизајнерите сакаат да се усовршат.
област | упатство | пазар |
---|---|---|
Дневна облека за жени | Практична, удобна, модерна | Висока мода, конфекциска облека, масовєн пазар |
Вечерна облека за жени | Гламурозна, префинета, соодветна за пригодата | Висока мода, конфекциска облека, масовєн пазар |
Долна женска облека | Гламурозна,удобна, лесна за перење | Висока мода, конфекциска облека, масовєн пазар |
Дневна облека за мажи | НеФормална, практична, удобна | кројачки занает, конфекциска облека, масовєн пазар |
Облека за деца | Тренди или модерна, практична, лесна за перење, едноставна | конфекциска облека, масовєн пазар |
Облека за девојки | Убава, живописна, практична, лесна за перење, евтина | конфекциска облека, масовєн пазар |
Облека за тинејџери | Живописна, удобна, гламурозна, убава | конфекциска облека, масовєн пазар |
Спортска облека | Удобна,практична, лесна за перење,едноставна | конфекциска облека, масовєн пазар |
Трикотажа | Нослива и колоритна за сезоната | конфекциска облека, масовєн пазар |
Секојдневна облека | Модерна, топла,нослива и колоритна за сезоната | конфекциска облека, масовєн пазар |
Невестинска облека | Раскошна, гламурозна, класична | Висока мода, конфекциска облека, масовєн пазар |
Додатоци | Впечатливи, модерни | Висока мода, конфекциска облека, масовєн пазар |
Системот на познатите
уредиДизајнерите работат според хиерархиски систем. Дизајнерите во модниот систем во Франција се поделени на многу слоеви. Модата обезбедува систем на функционирање на доминантни и подредени позиции во општествениот поредок. Модата е идеологија која е дел од процесот во кои одредени општествени групи, во овој случај елитните дизајнери, основаат, задржуваат и создаваат моќни позиции и врски на доминантност и подреденост. Позициите на доминантност и подреденост се појавуваат природно и легитимно, не само кај оние со доминантни позиции, туку и кај оние со помалку важни позиции. Модата и посредникот на модата - облеката, прават да има нееднаквости во општествено - економскиот статус, што се чини легитимно и прифатливо. "Митска идеја на дизајнерот како “ креативен гениј’” кој не е поврзан со општествените околности" е главна идеја на работата во модниот систем и за повторното создавање на модата како идеологија. Креативноста е ограничена во општеството и не е природно дадена т. е многу можат да бидат надарени но никој не може да стане познат дизајнер без тоа да биде одобрено од модниот систем и нивните чувари. Системот на познатите е важен за модната индустрија како и за било која културна институција. Жанрот и системот на познатите имаат обиди да создадат нешто слично на брендовие во културната индустрија. Креативната работа мора да има препознатлив автор, а познатите ѕвезди се потребни за тоа, бидејќи тие се дел од креативната идеологија.
Модна индустрија во светот
уредиДенес модата претставува глобална индустрија и повеќето големи држави имаат модна индустрија. Некои земји се големи центри за производство, меѓу кои се Кина, Јужна Кореја, Шпанија, Германија, Бразил и Индија. Пет држави имаат создадено меѓународно име во областа на модата, тоа се Франција, Италија, Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави и Јапонија.
Американски моден дизајн
уредиПоголемиот број на Американски модни куќи се сместени во Њуjорк, иако значителен број има и во Лос Анџелес, каде што се произведува голем процент од облеката од високата мода во САД. Исто така постојат растечки индустрии во Мајами, Чикаго а особено во Сан Франциско. Модниот дизајн во Америка доминира со јасен, урбан, лежерен стил одразувајќи го атлетскиот, здрав животен стил на американските граѓани. Модниот творец Клер Мек Кардел помогна при воведувањето на трендот за дневна спортска блека во САД во текот на 1940 / 50 тите години. Многу од нејзините дизајни повторно беа вратени во мода во последните децении. Уште поголемо влијание врз изгледот на Американците имаа Келвин Клајн, Ралф Лорен, Вера Ванг, Ана Суи, Дона Каран, Том Форд, Лакван Смит, Кенет Кол, Марк Јакобс, Тори Бурч, Ели Тахари, Мајкал Корс, Бетси Џонсон и Том Хилфигер.
Британски моден дизајн
уредиЛондон долго време бил престолнина на модната индустрија во Обединетото Кралство и има голем избор на странски дизајни кои се вклопија со модерните Британски стилови. Типичниот Британски дизајн е елегантен, но во последно време стана невообичаен, спојувајќи ги традиционалните стилови со модерни техники. Помеѓу најзначајните модни творци во Обединетото Кралство се: Бурбери,Пол Смит, Вивиен Вествуд, Стела Мек Картни, Џон Галијано, Џеспер Конран и Александар Мек Квин. Последната модна куќа во Британија е Сент - Хил и Вон Баседоу.
Француски моден дизајн
уредиПовеќето Француски модни куќи се во Париз кој е престолнина на Француската мода. Традиционално, Француската мода е шик и модерна, дефинирана со префинетост, стил и елегантни модни додатоци. Помеѓу многубројните париски модни куќи се Балмен, Хермес, Луис Витон, Шанел, Ив Сент Лорен, Кристијан Диор, Живанши, Валенсијада и шклое, кои ги изложуваат своите изработки на дизајнерските колекции што се одржуваат двапати годишно. Иако Глобалниот Јазичен Монитор го пласираше Париз на трето место, после Милано и Њуjорк, Француската мода е меѓународно прифатена и градот останува симболичен дом на модата.
Италијански моден дизајн
уредиМилано е Италијанска престолнина на модата. Најголем дел од старите Италијански модни творци се во Рим. Како и да е, Милано и Фиренца се престолнини на Италијанската мода и тоа се местa за изложба на своите колекции. Италијанската мода се одликува со лежерна елеганција и луксузни ткаенини. Првиот италијански луксузен бренд бил Фиренчанецот Салваторе Верагамо ( извезувал прекрасни рачно изработени чевли во САД уште во 1920 година ) кој е меѓу најпознатите ексклузивни модни имиња. Друг Фиренчанец - Гучи е најдобро продаван италијански моден бренд и трет најдобар во светот со остварени 7 158 милијарда долари од продажбата во светот. Други познати италијански модни творци се Валентино Гаравани, Долче и Габана, Ботега Венета, Етро, Емилио Пучи, Роберто Кавали, Версаче, Џорџо Армани, Фенди, Борбонесе, Прада, Лоро Пиана, Библос, Алберта Ферети, Мошино, Ерменегилдо Зенга, Ла Перла, Агнона,Лаура Биагиоти, Ланчети, Ајсберг, Карло Пигнатели, Мила Шон, Роберта Ди Камерино, Солидеа, Крициа, Ник Баруа, Трусарди и Мисони. Иако Милано е национална и светска престолнина на модата, исто и Рим, Фиренца, Торино, Неапол и Венеција се меѓународни престолнини и во нив има голем број на бутици од високата мода.
Швајцарски моден дизајн
уредиПовеќето швајцарски модни куќи се во Цирих. Швајцарскиот изглед е лежерно елегантен и луксузен. Ткаенините произведени во Св. Гален се извезени во најважните модни куќи насекаде низ светот ( Париз / Њуjорк / Лондон / Милано / Токио ). Првиот швајцарски луксузен бренд е Алвони од италијанско / швајцарската дизајнерка Мариан Алвони.
Јапонски моден дизајн
уредиПовеќето јапонски модни куќи се во Токио. Јапонскиот изглед е слободен и неорганизиран ( како резултат на комплицирано кроење ), боите се темни и суптилни, а матерјалите се со богата текстура. Познати јапонски дизајнери се Јоџи Јамамото, Кензо, Иси Мијаке ( маестрално правање на дипли и кроење ) и Ком Де Гарсон (Comme des Garsons) н на Реј Кавакубо кој разви нов начин на кроење (слично на иновациите на Меделин Вајонет во 1930 тите години).
Индиски моден дизајн
уредиПовеќето индиски модни творци произлегуваат од Боливудската индустрија. Маниш Малхотра е еден од нив. Индиската модна недела стана многу популарна во денешно време. Темпото на модната индустрија брзо се зголемува.
Малезиски моден дизајн
уредиБернард Чандран е успешен ткајач на матерјали на пазарот низ цел свет. Друг познат малезиски моден творец е Џими Шо.
Поими во модниот дизајн
уреди- Модниот творец (дизајнер измислува комбинации на облека по линија, сразмерност, боја и текстура. Вештините на шиење и правење облека се благотворни, но, тие не се толку неопходни за успешно да се создаде еден моден дизајн. Повеќето модни творци се формално обучувани или работеле како чираци.
- Изработувачот на модели (или цртач на модели ) ја црта формата и големината на облеката. Тоа може да го направи рачно- користејќи хартија и прибор за мерење, или со користење на компјутерската софтвер програма Ауто КАД. Другиот метод е дирекно да се направат дипли на ткаенината во форма на облека. Скицираниот дизајн се користи за да се произведе планираниот модел на облека и неговата потребна величина. Обично е потребна формалнат обука за да се работи како изработувач на модели.
- Кројачот ја крои дизајнираната облека на купувачот направена по негова мерка; особено костумите (палто и панталони, сако и здолниште и така натаму). Шивачите обично работат како чираци, или се формално обучувани.
- Текстилецот го дизајнира ткаењето и дизајнот отпечатен на материјалот за облеката и другата опрема. Повеќето дизајнери на текстил се формално обучувани во училиштата или пак работат како чираци.
- СТИЛИСТОТ ја усогласува облеката, накитот и модните додатоци употребени за модни фотографии и презентации на модната писта. Исто така, стилистот може да работи со одреден клиент за да го усогласи неговиот целосен изглед. Многу стилисти се обучени во областа на модниот дизајн, историјата на модата и облеката низ историјата, и имаат високо ниво на искуство во тековниот пазар на модата и во идните модни трендови. Како и да е, некои едноставно имаат силно чувство за естетика да ги вклопат сите работи и да изгледаат убаво.
- Модниот набавувач избира и купува различна облека која е достапна во продавниците за малопродажба, стоковите куќи и бутиците кои се дел од некој синџир продавници. Повеќето модни купувачи се обучуваат во бизнисот и/ или на модните студии.
- Шивачката ја шие конфекциската облека или облеката за масовно производство, рачно или со машина за шиење, во продавница за облека или како оператор во фабрика користејќи машина за шиење. Таа (или тој) веројатно нема вештина за правење ( дизајнирање или кроење) на облека, или да ја постави на модел.
- ПРОФЕСОР ЗА МОДЕН ДИЗАЈН предава за уметноста и ваштината на модниот дизајн во уметничко училиште или во училиште за моден дизајн.
- Трговецот со облека порачува готова облека за одреден купувач.
- Кројачката специјализира во правење на женска облека: дневна облека, вечерни фустани и фустани за коктел, деловна облека и костими, панталони, спортска облека и женска долна облека.
- Илустраторот ја црта и ја бои облеката која што е дизајнирана за комерцијална употреба.
- Модниот предвидувач предвидува какви бои, стилови и форми ќе бидат популарни ( во тренд) пред облеката да биде пуштена во продажба во продавниците.
- Моделот (манекен(ката)) ја носи и ја покажува облеката на модните ревии и на фотографиите.
- Моделот за пробување му помага на модниот творец со тоа што ја пробува облеката и коментира дали е пригодна пред таа да биде дизајнирана и пред да се произведе. Моделот за пробување треба да биде одредена големина за оваа цел.
- Модниот новинар пишува статии во списанијата и весниците, во кои ја опишува облеката или модните трендови.
- Преравачот го исправа изгледот на готовата облека, обично на конфекциската облека и понекогаш и дава нов стил. Забелешка: покрај тоа што кројачот ја преправа облеката на клиентот за да му биде по мерка, сите преправачи на облека не се кројачи.
- Модниот советник (советник за имиџ или гардероба) му препорачува стилови и бои кои му одговараат на клиентот.