Гучи
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Куќата Гучи или повеќе позната само како Гучи е италијанска модна куќа за кожни производи,дел од групацијата Гучи која е во сопственост на француската компанија ППР. Гучи беше основана од страна на Гучио Гучи во Фиренца во 1921 година.
Гучи создал приближно 4,2 милијарди долари приходи низ светот во 2008 година и според списанието Business Week се искачи на 41то место на годишната список на списанието за 2009 година на „100 те врвни светски брендови“,создадена од Интербренд.Гучи е најпродаваниот италијански бренд. Гучи управува со 278 продавници низ светот (до септември 2009 година) и ги продава своите производи на големо преку франшизи и богатите стоковни куќи.
Историја
уредиСо скромен почеток кон крајот на 19 век,компанијата Гучи стана една од најуспешните производители на луксузни кожни производи,облека и други модни производи.Како имигрант во Париз,а потоа во Лондон,работејќи во ексклузивни хотели младиот Гучио Гучи (1881-1953) беше импресиониран од луксузниот багаж кој софистицираните гости го носеле со нив.По враќањето во неговото родно место,Фиренца,град кој се разликува по висококвалитетните материјали и вештите занаетчии,тој во 1920 година отвори продавница во која продаваше убави кожни производи со класичен стил.Иако Гучи ги уреди своите работилници за индустриски начин на производство,тој ги задржа традиционалните методи на производство.Првично Гучи вработи квалификувани работници од Фиренца со основни кожни вештини,за внимателно завршување.
Заедно со неговите три сина, Алдо Гучи (1905-1990), Васко Гучи (1907-1975) и Родолфо Гучи (1912-1983), Гучи ја проширил компанијата вклучувајќи продавници во Милано и Рим, како и дополнителни продавници во Фиренца. Продавниците на Гучи се опремени со фини стокмени кожни додатоци како што се чанти, чевли и неговите иконски украсни мокасини, вклучувајќи свила и трикотажа со потписот на Гучи. Мокасините на Гучи се единствените чевли во колекцијата на Музејот на модерна уметност во Њујорк.
Компанијата направила чанти од памучно платно наместо од кожа за време на втората светска војна поради недостиг од матерјали.Како и да е, платното се разликувало со потписот дупло Г ,комбиниран со истакнати црвени и зелени ленти. По војната, грбот на Гучи ,кој претставуваше штит и оклопен витез опкружен со лента на која го пишуваше семејното име, станало синоним за градот Фиренца.
Алдо и Родолфо Гучи понатаму ги прошириле хоризонтите на компанијата со отворање на канцеларии во Њујорк во 1953 година. Филмските ѕвезди и џетсетот кои патуваа во Италија во текот на педесеттите и шеесеттите години донесувајќи го нивниот гламур во Фиренца, ја претвориле стоката на Гучи во меѓународен престижен симбол. Филмските ѕвезди позираа во облеката, додатоците и обувките на Гучи за модните списанија низ светот, придонесувајќи за растечката репутација на компанијата.
Карактеристичните линии на Гучи ги направиле неговите производи меѓу најчесто копираните во светот во почетокот на 2000-тите.Свинската кожа, телешката кожа и увезените егзотични животински кожи биле подложени на различни методи на изработка. Водоотпорно платно и сатен биле користени за изработка на вечерни чанти. Бамбусот за првпат се користел за да се направат рачки на чантите преку процес на греење и обликување во 1947 година и чантите направени со рачка за на рамо и ѓем-декорациите беа воведени во 1960 година. Во 1964 година, Гучи по нарачка изработил раскошен пеперуткест дизајн, еден со еднакво богат цветен мотив. Оригиналната Гучи мокасина била надградена со карактеричен украсен ѓон во 1966 година, додека сетот од патни торби „Ролс-Ројс“ бил претставен во 1970 година.Часовници, накит, вратоврски и очила биле додадени во производните линии на компанијата. Посебно иконскиот допир, воведен во 1964 година била употребата на двојно Г-лого за пафтите на ремените и за украсување на дуги додатоци.
Компанијата просперираше во текот на седумдесеттите, но осумдесеттите биле одбележани со внатрешни семејни конфликти кои го донеле Гучи на работ на катастрофа. Синот на Родолфо, Маурицио ја презедол дирекцијата на компанијата по смртта на својот татко во 1983 година, разрешувајќи го својот вујко Алдо, кој на крајот служел казна затвор заради даночно затајување. Маурицио се покажал како неуспешен претседател; тој бил принуден да ја продаде семејната компанија на Investcorp, Бахреинска компанија во 1988 година. Од останатите свои акции, Маурицио се откажал во 1988 година. За жал, Маурицио бил убиен во Милано во 1995 година и неговата поранешна сопруга Патриција, била осудена за најмување на неговите убијци. Во меѓувреме новите инвеститори го унапредија Доменико де Соло, образуван во САД, од адвокат на семејството во претседател на Гучи-Америка во 1994 година и главен извршен директор во 1995 година.
Претходно, компанијата во 1989 година ja донела Dawn Mello како уредник и дизајнер со цел да го возобноват својот углед. Свесен за лошата слика на Гучи и вредноста на името на брендот, во 1990 година Мело го ангажирал Том Форд за да дизајнира една колекција.Тој бил унапреден во позицијата креативен директор во 1994 година. Пред да се врати на нејзиното работно место како претседател на американската продавница на мало Bergdort Gudman, Мело го започна враќањето на седиштето на Гучи од бизнис центарот во Милано во Фиренца, каде неговите занаетчиски традиции биле искоренети.Таа и форд таму го намалиле бројот на производи на Гучи од дваесет илјади на поразителни пет илјади.
Том Форд дошол со визија и стил во пропаднатата компанија. Имајќи ја целокупната поддршка на Доменико де Сол, Форд сакал да го долови чувството на историјата на компанијата додека го ажурираше заштитниот знак на Гучи. Во 1994 година, станал одговорен на дирекцијата за креативност, а до 1996 година ги управувал сите оддели на компанијата вклучувајќи ги колекциите на облека, визуелна малопродажба, пакување, внатрешен дизајн и рекламирањето. Форд и Де Сол се бореа да го вратат поранешниот углед на Гучи, додека го пренасочуваа растечкиот бренд на еднакво ниво на пазарот во доцните деведесетти.
Во 1997 година, Гучи имаше 76 продавници низ целиот свет, заедно со поголем број договори за лиценцирање. Форд во процесот на донесување одлуки претставуваше клучна фигура заедно со Дел Сол, кога групацијата Гучи ги презеде Yves Saint Laurent Rive Gauche, Ботега Венета, Boucheron, Серхио Роси и делумна сопственост со Стела Макартни, Александар Меквин и Balenciaga. Од 2001 година Форд и Де Сол ја делат одговорноста за донесување на големи деловни одлуки, додека истовремено Форд е назначен за дизајнот на Ив Сен Лоран, како и на Гучи.
Како и да е, француската корпорација Pinault-Printemps-Recboute во 2003 година во своја сопственост доби 60% од акциите на Гучи. Групацијата Womens Wear Daily тогаш го најави заминувањето на Доменико Де Сол и Том Форд од групацијата Гучи по истекувањето на нивните договори во април 2004 година. Минатогодишната пролетна колекција под раководство на Форд и Де Сол била критички и комерцијален успех. Поради распространетите шпекулации во модниот печат за можен наследник на Форд, во март 2004 година компанијата соопшти дека тој ќе биде заменет со некој од тимот на помлади дизајнери кои се вработени во компанијата и ќе биде унапреден според позицијата на која се наоѓа. Во 2005 година Фрида Џанини, која се приклучи на Гучи во 2002 година, беше назначена како креативен директор на женската колекција и додатоците. Во 2006 година, таа исто така стана и креативен директор за машката колекција, како и на целокупната Гучи-етикета.
Корпорација
уредиОсмислениот пресврт на компанијата во доцните осумдесетти го направи Гучи светски фаворит и значајна модна марка.Во октомври 1995 година, Гучи излезе јавно и ја имаше својата прва јавна понуда на AMEX и NYSE за 22 долари по акција.Номеври 1997 година исто така се покажа како успешна година за Гучи,кој успеа да ја добие лиценцата за часовници Северин-Монтрес и ја преименува во Гучи часовници.Компанијата од страна на Европската бизнис прес Федерација (European Business Press Federation) беше прогласена за „европска компанија на 1998 година“ за својот економски и финансиски успех,стратешката визија,како и квалитетното управување.Светските канцеларии и седишта на Гучи се во Фиренца,Милано,Париз,Лондон,Хонгконг,Јапонија и Њујорк.ППР седиштата се во Париз.
Нова управа
уредиВо 1989 година,Маурицио успеа да ја убеди Dawn Mello,која стана ѕвезда во трговијата на мало со оживувањето на њујоршката продавница Bergdort Gudman во седумдесеттите,да се приклучи кон ново формираната групација Гучи како извршен потпретседатрел и креативен директор низ светот.На чело на Гучи Америка беше Доменико Де Сол,поранешен адвокат,кој помогна во надгледувањето на Маурицио при преземањето на компанијата од 1987 до 1989 година.Последниот кој се приклучи во креативниот тим,во кој веќе беа вклучени дизајнери како Џефри Бин и Келвин Клај,беше младиот дизајнер Том Форд.
Израснат во Тексас и Ново Мексико,тој се заинтересирал за модата уште во неговите рани тинајџерки години,но одлучил да продолжи со дизајнерската кариера дури кога го напуштил училиштето за дизајн Парсонс,отсек архитектура.Dawn Mello го ангажира Форд во 1990 година на барање на нејзиниот партнер,писател и уредник Ричард Бакли.
Во раните дведесетти,Гучи беше подложен на она што сега е признато како најсиромашното време во осторијата на компанијата.Маурицио ги разлути дистибутерите,акционерите на Investcorp и директорите на Гучи Америка со драстично преземање на контролата врз продажбата на колекцијата додатоци од Гучи,која само во САД создава приходи од 110 милиони долари секоја година.Новите додатоци на компанијата не успеаја да се пробијат,па во наредните три години компанијата доживеа тешки загуби и беше на работ на банкрот.Маурицио беше прекрасен човек кој страсно го сакаше семејниот бизнис,но по четири години високите менаџери на компанијата се согласија дека тој е неспособен за водење на компанијата.Неговото управување имало негативно влијание врз побарувачката на брендот,квалитетот на производот и контролата врз дистрибуцијата.Тој беше принуден да го продаде својот дел од компанијата на Investcorp во август 1993 година.По помалку една година од заминувањето на Маурицио, Dawn Mello се вратила на својата стара работа во Bergdort Gudman,а позицијата на креативен директор ја доби триесет и две годишниот Том Форд.Форд со години работел под раководство на Маурицио и Мело и сакаше имиџот на компанијата да го одведе во нов правец.Де Сол кој беше избран за претседател и главен извршен директор на групацијата Гучи НВ,сфати дека ако сака Гучи да стане профитабилна компанија тоа ќе бара нова слика,па така тој се согласи со реализирањето на Фордовата визија.
Во почетокот на 1999 година,конгломератот на луксузни производи ЛВМХ,предводен од Бернар Арно,ги ги зголеми своите акции во Гучи со цел преземање на компанијата.Доменико Де Сол беше бесен од новостите и го одби барањето на Арно за место во одборот на директори,каде тој ќе има пристап во доверливите извештаи за заработката,стратешките состаноци и дизајнерските концепти.Де Сол реагираше со издавање на нови акции на берзата во обид да ја ослабне вредноста на акциите на Арно.Тој исто така пристапи на француската компанија Pinault-Printemps-Recboute (PPR) за можност за формирање на стратешки сојуз.Основачот на компанијата,Франсоа Пинал,се согласил со идејата и купил удел од 37 милиони од компанијата или 40% од акциите.Делот на Арно беше ослабнат на безначајни 20% и следеше правна битка за да се оспори легитимноста на партнерството помеѓу новиот Гучи и ППР (PPR) со правната фирма Skadden Arps, Slate, Meagher,Flom претставувајќи го Гучи. Судовите во Холандија конечно го потврдија договорот со PPR,бидејќи не ги прекрѓиле бизнис законите во таа земја.Вториот најголем акционер Credit Lyonnaisсо 11% од акциите.Во септември 2001 година беше постигнат спогодбен договор помеѓу групацијата Гучи,ЛВМХ и ППР.
По заминувањето на Форд,групацијата Гучи задржа три дизајнери да го продолжат успехот на компанијата Џон Реј,Alessandra Facchinetti и Фрида Џанини,од кои сите работеа под креативната дирекција на Форд. Facchinetti била избрана за креативен директор на женската облека во 2004 година и пред да замине од компанијата и беше дизајнер во две сезони.Реј работеше како креативен директор на машката облека три години.Триесет и две годишната Џанини, која беше одговорна за дизајнирањето на машки и женски додатоци,во моментов работи како креативен директор за целиот бренд.
Фрида Џанини,поранешен креативен директор на додатоци е именувана за единствен креативен директор во 2006 година.Патрицио ди Марко го замени Марки Ли како извршен директор на Гучи.
Детска линија
уредиПретседателот и главен извршен директор на Гучи,Патрицио ди Марко е подготвен да ја лансира детската линија во јуни 2001 година.Линијата првично ќе биде лансирана во Италија и во 40 продавници низ целиот свет.Фрида Џанини е креативен директор на линијата.Таа беше поздравена за нејзиното ново,женствено надградување на современата мода.Родена е во Рим во 1972 година од татко архитект и мајка професор по историја на уметноста,студира моден дизајн на Модната Академија во Рим.По завршувањето на своето образование се вработила како помошник во една мала модна куќа.Во 1997 година,Џанини ја започнала својата кариера во модната куќа Фенди,каде што по само три сезони дизајнирање на облека,таа беше унапредена во дизајнер на кожни производи.Во 2002 година,таа премина во Гучи како директор на чанти,а во 2004 година била унапредена во дизајнер на сите модни додатоци.Една година подоцна,во 2005 година,дизајнерката беше унапредена во креативен директор за женската линија,заедно со нејзината улога како дизајнер на модните додатоци.Во 2006 година, Џанини беше назначена за креативен директор на модната куќа,кога стана одговорна и за дизајнот на машката облека.Во прилог на дизајнирањето на облека,таа исто така има развиено малопродажни концепти за продавниците на Гучи,како и креативна контрола врз рекламирањето.
Автомобилска култура
уредиАмериканската корпорација Моторс
уредиАлдо Гучи се проширувал на нови пазари,вклучувајќи договор со американската корпорација Моторс (АМС).АMC Horneb од 1972 и 1973 година компактна со „Sportabout“ караванот,стана еден од првите американски автомобили кој има понудено специјална луксузна опременост,дизајниран од познат моден творец.Спортските автомобили на Гучи се со зелени и црвени ленти на седиштата од биволска кожа, панели на вратите,како и амблеми на дизајнерот и надворешна селекција на бои.Американската корпорација Моторс исто така му понуди и на Пјер Карден издание на свој автомобил.
Џенерал Моторс
уредиВо 1979 и 1980 година,ќерка- компанија со седиште во Мајами го понуди Кадилак Севиља од Гучи.На надворешноста на автомобилот,на хаубата има украс во кој е вклучено „двојното Г- лого“, што всушност се иницијалите на Гучио Гучи.Во внатрешноста имаше ѕвезда на логото како и потпирачите за глава беа украсени со логото.Контролната табла го носеше „Gucci script“ логото со здебелени букви.Во внатрешноста на багажникот имаше цел сет на патни торби од Гучи.
Компанијата Форд Моторс
уредиВо 1989 година беше предвидено да се понуди Гучи серијата на Линколн градски автомобили на ценети водичи ,но до реализација на тоа никогаш не дојде.Линколн исто така им понуди и на дизајнерите Емилио Пучи,Бил Блас,Џани Версаче,Хуберт де Живанши и Валентино да направат свои изданија во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години.
Партнерства
уредиГучи има партнерство со УНИЦЕФ од 2005 година.Продавниците на Гучи низ целиот свет донираат процент од продажбата на специјалните колекции кои се направени специјално за УНИЦЕФ и кои одат во Фондот за деца на Обединетите нации.Годишната кампања на Гучи за УНИЦЕФ ги поддржува образованието,здравствената заштита,програмите за запштита и чиста вода за деца без родители и деца погодени од ХИВ/ СИДА во потсахарска Африка.За кампањата во 2009 година,Мајкл Робертс ја промовираше детската книга „Снешко во Африка“ од која добивката оди во УНИЦЕФ.Во последните 5 години,Гучи донираше над 7 милиони долари на УНИЦЕФ.Гучи е најголемиот корпоративен центар на УНИЦЕФ,на „Училиштата за Африка“ која е основана во 2004 годна од страна на УНИЦЕФ,на Фондацијата на Нелсон Мандела и Хамбург општество.Неговата цел е да се зголеми пристапот до основното образование за сите,со посебен акцент на децата без родители заболени од ХИВ/СИДА и децата кои живеат во крајна сиромаштија.
Рекорд
уредиВо 1998 година,фармерките „Genius“ од Гучи беа наведени во Гинисовата книга на рекорди како најскап пар фармерки кои постојат.Овие фармерки беа оскудни,искинати и покриени со африкански монисти и беа понудени за продажба во Милано со цена од 3134 долари. Овој рекорд беше надминат во 2005 година од страна на 115-годишните стари фармерки 501 од Леви Штраус&СО кои беа продадени на анонимен јапонски колекционер за 60.000 долари.