Михајло Зориќ
Михајло Зориќ (роден на 12 мај 1944 година во Јосифово, Валандовско - починал на 6 август 1996 година во Скопје) — македонски ветеринар, доктор на науките од областа на ветерината. Дипломирал на Ветеринарниот факултет во Сараево (1970), а докторирал на Универзитетот во Загреб од областа на економиката во сточарството (1983). Работел како ветеринарен техничар во ЗИК „Изворски“ во Богданци и ЗИК „Анска Река“ во Валандово (1962 –1965 и 1982–1983). Бил директор на Ветеринарната станица во Валандово (1970–1978), претседател на Извршниот совет на Собранието на Валандово (1978–1982), генерален директор на ЗИК „Анска Река“ во Валандово (1983–1991), координатор за извоз-увоз во АД „Ветерина“ во Скопје и директор на Ветеринарната управа на Македонија (28. Ⅶ 1995) до крајот на животот[1]. .
Михајло Зориќ | ||
Роден | 12 мај 1944 Јосифово, Валандовско | |
---|---|---|
Починал | 6 август 1996 Скопје, Македонија | |
Занимање | ветеринар |
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Зориќ“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 579. Text "series " ignored (help)