Митрополитска резиденција – Битола

митрополитска резиденција во Битола

Митрополитска резиденција – Битола или позната како Битолска митрополија — управно седиште на Преспанско-пелагониската епархија и нејзиниот митрополит. Изградена е во необарокен стил периодот од 1901 до 1902 г. во времето на бугарскиот егзархиски владика Григориј. Има 4 нивоа: подземен, 2 ката и поткровје со параклис посветен на св. вмч. Георгиј Победоносец и две простории кои имаат музејска намена. Мебелот е изработен од копаничарот Нестор Алексиев Мирчевски и неговата тајфа. Митрополијата поседува библиотека „Св. Јован Богослов“ со фонд од 20 000 книги и списанија. Митрополитската капела поседува и делови од светите мошти на: свети Климент Охридски, свети Агатангел Битолски, света Февронија. Митрополијата во минатото била посетена од значајни личности како: Александар I Караѓорѓевиќ и Јосиф Цвијовиќ, како и двајца светци кои ја користеле како своја резиденција: свети Платон Бањалучки и св. Николај Жички и Охридски.

Митрополитска резиденција - Битола

Објектот е дел од културното наследство на Македонија.

Надворешни врски

уреди