Мита Мусманова родена Маркова ( 1916 во Д’мбени, Егејска Македонија, Грција — ) — македонски партизан, член на КПГ, борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.[1]

Мита Мусманова (Маркова)
Родена 1916
Д’мбени, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, денес во склоп на  Грција
Народност Македонка
Занимање учесник во ДАГ и пејачка
Сопружник Насо Мусанов
БратРисто Марковски

Животопис

уреди

Семејство

уреди

Била приврзаник на НОБ од 1941 година, а во Граѓанската војна во Грција учествувала со својот сопруг Насо од 1947 до 1949 година. Брат ѝ Ристо Марковски бил првоборец. Тој затинал во борбите на планината Вичо во 1949 година. По поразот на ДАГ, Мита емигрирала во Полска, од каде што со своите деца се вратила во Македонија во 1959 година.[1]

Костурчанки

уреди

Член на групата „Костурчанки” е од 1976 година. Ја прекинала активноста во групата поради здравствени причини. Мита била позната по својот глас уште во родното село. Најмногу тогаш пеела со Слободанка Шимбова (Бода) и Деспина Ангелкова (Цалева).[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Ристески, Стојан (1988). Костурчанки: прилог кон проучувањето на фоклорот од Костурско. Скопје: Наша книга. стр. 62. ISBN 978-86-373-0092-2.