Слободанка Шимбова

Слободанка Шимбова-Бода родена Баљова ( 1916 во Д’мбени, Егејска Македонија, Грција1980) — македонски партизан, борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.[1]

Слободанка Шимбова
Родена 1916
Д’мбени, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, денес во склоп на  Грција
Починала 1980 година
Народност Македонка
Занимање учесник во ДАГ и пејачка

Животопис

уреди

Во 1947 година му се придружила на својот cопpyг во народноослободителното движење во Егејска Македонија, кој во него учестувал од 1943 година, а бил и предвоен комунист. Од ДАГ нејзините деца биле испратени во домовите во Романија. По калитулирањето на ДАГ и таа со сопругот емигрирале таму, од каде се вратиле во Македонија, со трите свои деца во 1956 година.[1]

Костурчанки

уреди

Во групата „Костурчанки” членувала од нејзиното формирање во 1970. Во 1976 година се повлекла поради болест. Почина со песна на уста (1980 година), како порака да се запомне и пренесува.[1]

Сите членови на „Костурчанки” со воздив зборувале за Бода и секоја се сеќава на нешто трајно што ја сврзувало со неа. Спомените ги навраќале уште во деновите во родното село. Бода била меѓу првите песнопејки во Д’мбени.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ристески, Стојан (1988). Костурчанки: прилог кон проучувањето на фоклорот од Костурско. Скопје: Наша книга. стр. 59. ISBN 978-86-373-0092-2.