Ахмед Шефик Митат-паша[1] (18 октомври 182226 април 1883) – отомански демократ[2] и еден од водечките државници за време на доцното танзиматско раздобје.[3] Најпознат е по водењето на отоманското уставно движење од 1876 и воведувањето на Првата уставна ера, но иста така тој е водечка личност на реформите во образовната и провинциската администрација.[3] Бил дел од владејачката елита која признавала дека царството е во криза и сметал дека реформата е очајно потребна.[4] Митат-паша е опишан како личност со либерален став и се смета за еден од основачите на Отоманското собрание.[5][6][7]

Ахмед Шефик Митат
паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
19 декември 1876 – 5 февруари 1877
Монарх Абдул Хамид II
Претходник Мехмед Рушди-паша
Наследник Ибрахим Едем-паша
На должноста
31 јули1872 – 19 октомври1872
Монарх Абдул Азис
Претходник Махмуд Недим-паша
Наследник Мехмед Рушди-паша
Лични податоци
Роден(а) 18 октомври 1822
Цариград, Отоманско Царство
Починал(а) 26 април 1883
Та'иф, Хејаски Вилает, Отоманско Царство
Собрание Собрание на Отоманското Царство

Каролин Финкел го опишала како "вистински претставник на танзиматскиот оптимизам, кој верувал дека на сепаратистичките стремежи може да им се спротивстави со покажување на придобивките од добро владеење."[8] За Британците, неговата реформска преданост била исклучок, заснована на поединечната снага и личност.[9] Тие верувале дека Митат-паша не може да успее, наведувајќи ја неефикасната и корумпирана природа на отоманската држава и расцепканоста на нејзиното општество.[9]

Митат-пашиниот сук во Дамаск сè уште го носи неговото име.[3]

Наводи

уреди
  1. Gábor Ágoston; Bruce Alan Masters (2009). Encyclopedia of the Ottoman Empire. Infobase Publishing. стр. 378–379. ISBN 978-1-4381-1025-7. Посетено на 9 June 2013.
  2. Innes & Philip, Joanna & Mark (2018). Re-Imagining Democracy in the Mediterranean, 1780-1860 (англиски). Oxford University Press. ISBN 978-0-19-879816-3.
  3. 3,0 3,1 3,2 J. Rgen Nielsen; Jørgen S. Nielsen (9 December 2011). Religion, Ethnicity and Contested Nationhood in the Former Ottoman Space. BRILL. стр. 117. ISBN 978-90-04-21133-9. Посетено на 9 June 2013.
  4. Toby Dodge (2003). Inventing Iraq: The Failure of Nation-Building and a History Denied. C. Hurst & Co. Publishers. стр. 57. ISBN 978-1-85065-728-6. Посетено на 9 June 2013.
  5. Hanioglu, M. Sukru (1995). The Young Turks in Opposition. Oxford University Press. ISBN 0195358023. Посетено на 6 May 2017.
  6. The Syrian Land: Processes of Integration and Fragmentation : Bilād Al-Shām from the 18th to the 20th Century. Franz Steiner Verlag. 1998. стр. 260. ISBN 3515073094. Посетено на 6 May 2017.
  7. Zvi Yehuda Hershlag (1980). Introduction to the Modern Economic History of the Middle East. Brill Archive. стр. 36–37. ISBN 978-90-04-06061-6. Посетено на 9 June 2013.
  8. Caroline Finkel (19 July 2012). Osman's Dream: The Story of the Ottoman Empire 1300-1923. John Murray. стр. 6–7. ISBN 978-1-84854-785-8. Посетено на 11 June 2013.
  9. 9,0 9,1 Toby Dodge (2003). Inventing Iraq: The Failure of Nation-Building and a History Denied. C. Hurst & Co. Publishers. стр. 54. ISBN 978-1-85065-728-6. Посетено на 9 June 2013.

Надворешни врски

уреди
Политички функции
Претходник
Махмуд Недим-паша
Голем везир на Отоманското Царство
31 јули 1872 – 19 октомври 1872
Наследник
Мехмед Рушди-паша
Претходник
Мехмед Рушди-паша
Голем везир на Отоманското Царство
19 декември 1876 – 5 февруари 1877
Наследник
Ибрахим Едем-паша
Претходник
Сабри-паша
Управник на Ајдин
1880 – 17 мај 1881
Наследник
Али-паша
Претходник
'
Управник на Отоманска Сирија
22 ноември 1878 – 31 август 1881
Наследник
'