Сириски Вилает
Сириски Вилает[2] (арап. ولاية سوريا; османски турски: ولايت سوريه),[3] познат и како Дамаски Вилает,[4] ― вилает (административна единица) од прво ниво во Отоманската Империја.
Сириски Вилает ولايت سوريه (на отомански турски) Vilâyet-i Sûriye ولاية سوريا (на арапски) | |||||
Вилает на Отоманската Империја | |||||
| |||||
Знаме | |||||
Карта на Сирија од 1896 година, од Витал Кине, покажувајќи ја го Сирискиот Вилает поделен на Хамски, Дамаски, Хаурански и Карачки Санџак | |||||
Главен град | Дамаск | ||||
Историја | |||||
- | Основана | 1865 | |||
- | Укината | 1918 | |||
Население | |||||
- | 1897[1] | 701,812 жит. | |||
Денес во | Сирија Јордан |
На почетокот на 20 век, наводно имал површина од 62,180 км2, додека прелиминарните резултати од првиот османлиски попис од 1885 година (објавен во 1908 година) прикажал дека населението е 1.000.000 жители.[5] Точноста на бројките на населението се движи од „приближна“ до „само претпоставена“ во зависност од регионот од кој се собрани.[5]
Историја
уредиВо 1864 година беше објавен Законот за вилаети.[6] Новиот покраински закон бил спроведен во Дамаск во 1865 година, а преобликуваната покраина била именувана Сирија (Сурија/Сурије), што ја одразува растечката историска свест кај месните интелектуалци.[6] Ерусалим бил одделен од останатиот дел од покраината и бил направен во независниот Ерусалимски Санџак кој известувал директно до Константинопол, наместо во Дамаск. На сличен начин, Мутасарифството Планина Либан била направена во самоуправно мутасарифство во 1864 година.[6]
Во 1872 година, бил создаден нов административен регион, со средиште во Маан, но трошоците за новата административна единица многу ги надминале приходите, и таа била прекината следната година.[7] Во 1884 година, управникот на Дамаск дал предлог за создавање нов вилает во јужна Сирија, иако ништо не произлегло од тоа.[7]
Во 1888 година, од Сирискиот Вилает бил создаден Бејрутскиот Вилает.[6][8] Во мај 1892 година, бил даден уште еден предлог за регионална влада со средиште во Маан, кој бил одобрен во август.[7] Во средината на 1895 година, средиштето на ова мутасарифство било преместен во Карак (Карачко Мутасарифство), означувајќи го најјужниот дел од отоманското владеење во Сирискиот Вилает.[7]
Од 1897 година, Сирискиот Вилает бил поделен на четири санџаци: Дамаски, Хамски, Хаурански и Карачки Санџак. Главниот град на Вилаетот бил Дамаск.[9]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Mutlu, Servet. „Late Ottoman population and its ethnic distribution“ (PDF). стр. 29–31. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-18. Посетено на 2023-08-17. Corrected population for Mortality Level=8.
- ↑ Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ Salname-yi Vilâyet-i Suriye ("Yearbook of the Vilayet of Syria"), Syria vilâyet matbaası, Suriye [Syria], 1300 [1882]. in the website of Hathi Trust Digital Library.
- ↑ Geographical Dictionary of the World in the early 20th Century.
- ↑ 5,0 5,1 Asia by A. H. Keane, стр. 460
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 The Arabs of the Ottoman Empire, 1516–1918: A Social and Cultural History, стр. 177, 181-182.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 Rogan, Eugene L. (11 април 2002). Frontiers of the State in the Late Ottoman Empire: Transjordan, 1850–1921. Cambridge University Press. стр. 52–55. ISBN 978-0-521-89223-0. Посетено на 17 август 2023.
- ↑ Fawaz, Leila Tarazi (January 1994). An Occasion for War: Civil Conflict in Lebanon and Damascus in 1860. ISBN 9780520200869.
- ↑ First Encyclopaedia of Islam: 1913–1936, Volume II, стр. 909.
Надворешни врски
уреди- Сириски Вилает на Ризницата ?